Пет години затвор за полов напад на дете
ТЕТОВО – Тетовец е осуден на пет години затвор за полов напад на 12-годишно девојче. Основниот суд во Тетово утврдил дека С. Ѓ. (51) од Милетино го нападнал девојчето на 14 јули 2009 година во овоштарникот за вишни во тетовското село Брвеница. Девојче на возраст од 12 години било ангажирано на берба на вишни. С. Ѓ. попладнето, незабележан од другите берачи, од зад грб му ја затворил устата на девојчето за да не може да вика и почнал да го соблекува. Во еден момент малолетничката успеала да ја ослободи устата и да побара помош. Напаѓачот ја согледал опасноста дека ќе го фатат другите берачи на вишни, па го пуштил девојчето и побегнал со велосипед. Меѓутоа, глетката ја забележале неколкумина берачи на вишни, кои во текот на постапката го препознале напаѓачот. (Г.Е.) |