Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Уште два нови сомнителни случаи на грип

Бројот на сомнителни случаи заболени од новиот грип расте. На Инфективната клиника се примени два нови случаи со симптоми на грип. Едниот пациент пред да се разболи престојувал во Хрватска, додека другиот допатувал од Србија. Но, како што расте бројот на сомнителни случаи на новиот грип, така Министерството за здравство се' повеќе се затвора за информации околу грипот. Дали новите пациенти се наши државјани или не, или од која општина се, од Министерството за здравство не сакаат да откријат. За разлика од првиот случај, кога беа потранспарентни, сега од Министерството за здравство не сакаа ни да кажат на која возраст и од кој пол се заболените.

Затворањето за јавноста, од ресорното Министерство го објаснија со тоа дека „сме мала средина, па лесно може да се препознаат заболените и да се создаде непотребна стигма“. Со новите два случаи, досега на Инфективната клника вкупно има седум болнички згрижени пациенти, за кои се сомнева дека се заразени од пандемскиот грип.

До вчера попладне, од референтната лабораторија во Лондон не се пристигнати нови резултати. Засега во Македонија се регистрирани само два лабораториски потврдени случаи на новиот грип, кои веќе оздравеле, а едниот од нив е пуштен и дома. (Ј.Ј.)




Статијата е прочитана 301 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Мизо го копира Тупурковски
Црвенковски не сака да падне Груевски, туку да ги решава проблемите
Стојановски ги враќа неуставните закони на мала врата
Во Валандовско штетата од земјотресите -150 илјади евра