Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Стојановски ги враќа неуставните закони на мала врата

 
Министерството по секој промашен закон не се откажува, туку веднаш преминува на законски измени. Така, по укинувањето на верската поука петтооделенците ќе учат етика на религии

Министерот вината за паѓањето на законите ја лоцира кај државните институции, и кај експретседателот Црвенковски!

Жаклина Хаџи-Зафирова

Неуставноста на законските решенија со кои се предвидуваше екстерното оценување во училиштата е втор удар за Министерството за образование откако претходно на Уставен суд падна и законското решение за воведување на веронауката кај петтоодделенците. Проблем со екстерното оценување беше што судот препозна неуставност во одредбите со кои се предвидуваше Министерството за образование и наука да го реализира и спроведува оценувањето. Државните институции беа сопка и кај веронауката за која Уставниот суд оцени дека не може да се организира во државни институции поради одвоеноста на религијата од државата, дефинирана во Уставот.

Министерот за образование и наука, Перо Стојановски, вината за зачестеното паѓање на законите на Уставен суд ја лоцира кај сите државни институции низ кои претходно поминува законот, освен кај себе. Но, непоминувањето на законите во највисоката институција, која ја проверува уставноста и законитоста на законите, излезе и дека не претставува посебна тешкотија за Министерството, кое по секој промашен закон не се откажува, туку веднаш преминува на законски измени.

Уставните судии беа политички етикетирани кога во април, донесоа одлука со која го укинаа член 26 од Законот за основно образование со кој се овозможува организирање верско образование како изборен предмет во основните училишта, што според судот беше прогласено како неуставно. Ваквата одлука наиде на невиден револт кај вероучителите, кои се здружија во организиран протест, етикетирајќи ги судиите како политички мотивирани. Но, Министерството не спиеше, туку, експресно, наместо веронауката, го воведува предметот етика на религии, за кој не кажува многу, а не сака ниту да ги коментира информациите дека со тоа веронауката се воведува на мала врата.

„Не се откажуваме од веронауката“, повторуваа од Министерството, а сега истата реченица ја употребуваат и за екстерното оценување, за кое, законските решенија исто така паднаа на Уставен суд. Судот завчера ги укина одредбите во законите за основно и за средно образование каде што се наведува дека тестирањето го организира и спроведуваат Министерството и Инспекторатот. Поточно, оценувањето не може да го вршат државни органи, како што се потенцира во законските одредби кои, според судот, повредуваат темелни уставни категории, а тоа се поделбата на власта на законодавна, извршна и судска, како и владеењето на правото. Екстерно оценување, смета судот, може да има само ако тоа го организираат образовни установи. Но, ниту вториот закон кој падна на Уставен суд не го поколеба Министерството, кое сега подготвува законски измени, но не кажува какви. Во секој случај, велат оттаму, по ниедна цена нема да отстапат од екстерното оценување.

Според министерот за образование и наука, Перо Стојановски, виновни се сите, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, но не Министерството. Тој ја појасни процедурата за донесување закон, која според него поминува низ неколку фази.

„Иницијативата произлегува од Министерството за образование, потоа поминува низ Секретаријатот за законодавство, кој ја оценува уставноста и законитоста на решението. Следната фаза е во Собранието, каде што го разгледува Законодавно-правната комисија, а потоа го гласаат пратениците. На крајот указот за законот го потпишува претседателот на државата. Тој има советници кои би требало да му укажат дали едно законско решение е противуставно“, изјави Стојановски.

Од Кабинетот на поранешниот претседател на државава одговорија дека претседателот не може и не смее да ја преземе улогата на Уставен суд и да ја оценува уставноста на одредени закони кои се донесени во Собранието. „Улогата на претседателот е да процени дали одредени законски решенија можат да нанесат ненадоместливи штети на интересите на државата и на нејзините граѓани и да го искористи своето уставно право со тоа што ќе го врати законот на повторно разгледување во Собранието. Оттука е сосема јасно дека најголемата одговорност, сепак, ја имаат оние што ги предлагаат и оние што ги донесуваат законите“, коментираат од Кабинетот.


Статијата е прочитана 1292 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 06.07.2009 01:00:39
pa otsekogas imalo Drzavna inspekcija po ucilistata, samo Univerzitetot e avtonomen, no i tamu treba da se kontrolira, eve vo Hrvatska gi Apsat profesorite , " afera INDEX "
Од: ех.проф.
Датум: 06.07.2009 01:14:56
јас мислам и школото да се укине.на децата место отпусна листа после доаѓање на светов, да им се даде диплома од школо.срамота.екстерното оценување не смее да се укине.тоа е тест за самиот ученики како и за професорот.од ова оценување најголем страв имаат професорите зашто на виделина ќе излезе,ќе се види дали оцената е поклонета или заслужена.стравот од намалување на плата е голем.размиселете уште еднаш дали да се укине екстерното оценување.поздрав до министерот за образование само напред
Од: Maja
Датум: 06.07.2009 03:01:16
Aman be ministri, pratenici i drugi dpmneovci, vie koi treba da gi odrabotite svoite plati ostavete go raat Branko Crvenkovski da si ja rebrendira partijata, pa na izbori fatete se megdan so nego. Za se toj vi e vinoven i so vrne sekoj den po se izgleda toj e vinoven. Priznajte deka ste nesposobni da se fatite kostec so problemite i da gi resavate i ne barajte vinovnik kaj drug, a pred se ne kaj Branko, koj po se izgleda vi e noken kosmar. Ili rabotete i molcete ili odete si, oti za drugo ne ve biva.
Од: CHITATEL
Датум: 06.07.2009 06:15:54
DIKTATURATA se pokriva so obvinivanje na politichki protivnik.
Од: sime
Датум: 06.07.2009 06:47:04
Ostavka od ministerot.
Од: Св. Бранкo Уставотворец
Датум: 06.07.2009 07:39:17
Место "Уставните судии беа политички етикетирани", правилно требало да напишете „Уставните суди�� политички се етикетираа“.
Од: kris
Датум: 06.07.2009 07:55:41
А што чекате друго од партиски војник???
Од: Donald Duck
Датум: 06.07.2009 08:34:43
Gospod definitivno ne postoi!!! Da postoese, nemase da dozvoli vakvi diletanti ministri da stanuvaat.....
Од: Alek
Датум: 06.07.2009 11:07:35
Кој ја има апсолутната власт? ДПМНЕ или Бранко Црвенковски? Г-не министер, првин сопрете ја безобразната партизација на образиванието, па после занимавајте се со небулозните решенија (ако ви поминат).
Од: janev
Датум: 06.07.2009 14:08:51
a moze li Ustavniot sud da gi ukine edinicite, dvojkite i trojkite, a na cetvorkite da im predvidi ogranicena upotreba. Ovoj ustaven sud e vrvot na sramot. Tie svesno go pogrebuvaat obrazovniot sistem

Најди! во Утрински
На прво место
Мизо го копира Тупурковски
Црвенковски не сака да падне Груевски, туку да ги решава проблемите
Уште два нови сомнителни случаи на грип
Во Валандовско штетата од земјотресите -150 илјади евра