Како и Тајван, сега власта ја кани Кина да отвора фабрики во земјава, а потоа да извозува во Европа
Соња Маџовска
Кинеските компании можат да ја користат Македонија како локација за нивен влез на европскиот пазар. Оваа идеја ја промовираше директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, пред неколку дена, при посетата на кинеската бизнис-делегација на нашава земја.
Идејата не е воопшто спорна, но не е оригинална. Некако многу потсетува на онаа на Васил Тупурковски, кој по скандалозното признавање на Тајван во 1999 година, го промовираше токму тоа. Тајванците да дојдат и да отворат фабрики во земјава, а потоа Македонија требаше да им биде отскочна штица за нивните производи во Европа. Тајванските инвеститори не дојдоа, но затоа сега такво нешто им нудиме на Кинезите - евтина работна сила и полесен влез на европските пазари без бариери и квоти.
Се поставува прашањето дали во недостиг на оригинални идеи, власта се обидува да ги оживее старите планови на Циле, кои тогаш беа критикувани како утопистички?
И поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека кога ја слушнал идејата на Мизо, веднаш го асоцирала на крајно нереалната идеја на Циле од пред речиси 10 години.
„Нашите власти повторно гледаат спас во нешто што е нереално. Ова потсетува на пропаднатата идеја на Циле. Македонија, гледано од Кина, е една невидлива точка на која не можеме да и' понудиме, по ниедна основа, нешто поатрактивно, на пример, од другите земји во регионот. Кинеските производи и така веќе го преплавиле светот. А, ако сакаат да бидат поблиску до европските пазари, тоа сигурно можат да го направат и преку Словенија, особено преку Албанија, која последнава година стана поатрактивна за инвеститорите и остварува приливи од крупни странски инвестиции“, вели Хајредини.
Тој прашува како во Македонија ќе дојдат инвеститори од Кина, во услови кога ги бркаме и оние што веќе работат во земјава, како што е ЕВН, па затоа тие ги пренасочуваат инвестициите во Бугарија и во Албанија. „Прашање е дали воопшто годинава ќе имаме странски инвестиции. Повеќе плаќаме за трошоци за министрите и за промоторите кои трчаат по светот да донесат инвеститори. Ташковиќ го откачија, сега очигледно истата судбина го чека и Самак“, прогнозира Хајредини.
Инаку, Кинезите кои Мизо ги поканил да дојдат во земјава и да отворат фабрики, па од кај нас да извезуваат, всушност, поголемиот дел биле трговци, кои барале партнери во земјава за полесно да ги пласираат своите производи на нашиот пазар, велат од Стопанската комора, кои беа вклучени во организацијата на македонско-кинескиот бизнис-форум. Имено, гледано според трговската размена со Кина, со која бележиме огромен трговски дефицит, произлегува дека домашните бизнисмени треба да бараат партнери од оваа земја, за да се зголеми извозот на наши производи на кинескиот пазар. Вкупната размена меѓу двете земји лани изнесувала 316,3 милиони американски долари, од кои дури 315 милиони долари отпаѓаат на увоз, па така покриеноста на увозот со извоз е само 0,5 отсто. Трговскиот дефицит, лани изнесувал 11 отсто од вкупниот дефицит што земјава го остварува во размената со светот.
Очигледно, она што ни е потребно е да се изгради стратегија за позиционирање на македонските производи на кинескиот пазар, а не обратно, порачуваат од Стопанската комора.
Инаку, оваа идеја на Мизо не изненадува, ако се погледне наназад и се спореди со неколку идеи и планови на оваа Влада. Најавените инвестиции од 8 милијарди евра, пред изборите годинава, исто така, од страна на експертите беа оценети како утопистички и неостварливи и ги споредуваа со милијардата на Тупурковски. Владата на Груевски уште на почетокот на првиот мандат стави до знаење дека многу очекува од развојот на слободната економска зона „Бунарџик“, како што беше идејата на Тупурковски, но и овој проект тешко се реализира.
poranesniot minister si vlece kon svoeto albania,,,ideata od sekogas bila realna,,,prodolzi mizo ke uspete
Од: Petre
Датум: 06.07.2009 00:56:45
namesto Tajvan trebase so Kina da si imame kontinuitet i da ne go pustame ni NATO vnatre..
Од: mitko potsetuva na drugi raboti
Датум: 06.07.2009 01:21:56
Ne e samo ovaa idea na Cile. Toj prv go zapocna i konceptot na Bunardjik, VMRO-vcite mnogu se falea deka ke go podobrat stopanstvoto no dosega site nivni idei zavrsuvaat vo Bunardjik. Ne se mnogu invetivni. I samata Agencija za investicii premnogu nalikuva na Agencijata na Cile za koja toj sega se goni. Cile isto taka prv pocna da pisuva za Antickite Makedonci, znaci toj moze da se smeta za praviot tatko na Bukefalizacijata. Se na se koga ke se sobere VMRO nema izmisleno i zamisleno nisto novo tuke ednostavno gi kopira ideite na popametniot od niv Cile Edinstveno vo sto se istaknuva e vo lazenjeto i manipuliranjeto na najprostackite sloevi na nasiot narod koi se negovi verni glasaci.
Од: pp20
Датум: 06.07.2009 04:00:47
Vasiot vesnik so vakvi tekstovi e dokaz zasto novinarstvoto vo Makedonija e na niski granki...Cile go prizna Tajvan i lapna pari za toa koi od glava mu se tresnaa i ke go vidi Idrizovo od vnatre....Kako mozete da sporeduvate Kina so Tajvan i sto ima loso vo toa ako se obiduva da privlece Kineski investitori......I ve molam napravete edna usluga i nas nas citatelite i vas kako vesnik PRESTANETE da se konsultirate so "eskperti" od tipot na Hajredini Sasivari Nikola Popovski Frckovski i drugi "eksperti" se vide nivnoto
Од: Brian, Canada
Датум: 06.07.2009 04:52:28
Vo sto e poentata g-gjo Madjovska? Ne treba da probaat? Prasuvate "ekspert" - poranesen minister, koj normalno e deka ke bide protiv se sto pravi vladata, zatoa sto e "poranesen". Zalni vi se napisite, badijala go trosite mastiloto, odnosno gi abete tastaturite.
Од: pogled
Датум: 06.07.2009 08:07:49
1.За малку ќе помислевме дека поранешниот министер за финансии ќе заборави да ја спомне Албанија во своите изјави. 2. Македонија, гледано од Кина, била невидлива точка, а Албанија пак била видлива. Не било добро Кина да инвестира во Македонија, а добро било да инвестира во Албанија. (Во еден период од својот развој на Албанија, Кина беше солиден инвеститор) 3. Според поранешниот министер, не треба да се бркаат странските инвеститори, па макар тие да работаат и незаконски ( случајот СВЕДМИЛК).
Од: Горан
Датум: 06.07.2009 08:24:45
Ќе се најде ли маж во државава што ќе го уапси Станинов и ќе му го конфискува имотот ?
Од: jas
Датум: 06.07.2009 10:15:36
браво новинарче мало, не ти се чини дека излезе од контекстот на натписот???
нр Кина е велесила а тајван е непризната нејзина територија, Е ТУКА Е ОГРОМНАТА РАЗЛИКА . А што се однесува за големината, не постојат големи и мали земји, постојат земји каде се живее добро и каде се мизерува. А очигледно е дека сакаш да мизеруваме и било која идеја за инвестиции би ја преселила во Албанија освен ако не е изнесена од редовите на СДСМ или нивните сателити. Уште еднаш можам да потврдам дека со ваков пристап не стигнуваш никаде освен во штабот на СДСМ на поклонение на државникот и бацирака.
Од: redoven citatel
Датум: 06.07.2009 10:34:48
Glasam za Brian od Canada za najgolem patriot koj zivee i tvori 7planini i morinja podaleku od Makedonija
Од: Itar Pejo Patriot
Датум: 06.07.2009 10:39:59
Jas navistina ne gledam koja druga zemja ima podobri uslovi za prodor na evropskiot pazar od Makedonija. Naskoro prekuanskite brodovi ce istovaruvaat iljadnici kontejneri vo Bunardjik kade sto brojni fabriki ce sklopuvaat avtomobili, kompjuteri, igracki. Potoa so avioni, brzi vozovi i kamioni tie proizvodi ekspresno ce stignuvaat do site evropski sela i gradovi. A ako imaat nekoj problem, makedonskoto sudstvo vednas ke go resi. Dobrodojdovte kinezi, tajvanci ili komunjari seedno !!!
Од: Makedon
Датум: 06.07.2009 11:23:50
Kaj gi naogate ovie lepotici,do12 sami se mrzat posle 12 site
Од: Трпе
Датум: 06.07.2009 11:53:55
Сите заборават да кажат дека имаме големи шанси,Македонија да биде земја со најефтино платена работна рака,недајбоже наместо за шака ориз за 1кг компир.На здравје,инвестирајте во Македонија,има добри перални за пари.
Од: janev
Датум: 06.07.2009 13:52:16
Sekoj treba da dade poddrska na bilo kakov plan za podobruvane na ekonomijata. Samo defetisti mozat na toa da fakaat seir i luge cij patriotizam e kolku zrno proso. I poranesniot minister i novinarot trena da se zaprasaat sto ti se spremni da napravat za svojata zemja i kolku ja sakaat