Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Пропадна еврорегионот Преспа – Кожани – Корча

БИТОЛА - Пропадна проектот „Еврорегион Преспа – Кожани - Корча“. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, објаснува дека проблемот бил во Грција и во спорот за името. По речиси пет години заедничка работа и донесени статути, грчките општини, кои беа дел од овој регион, поради високата политика не ги потпишале спогодбите за соработка со македонските и со албанските погранични општини. Тоа било доволна причина еврорегионот веќе да не функционира.

„Немавме никаков проблем во комуникација со градоначалниците и префектите во Грција. Но, кога требаше да се донесат одлуки на највисоко државно ниво, колегите од грчка страна беа немоќни да се спротивстават зашто тоа беше одлука на грчката влада. Сите се залагавме за проектот ’Еврорегион’, но тој пропадна“, истакнува Талески.

Еврорегионот го загуби и финансиерот. Американската организација со седиште во Охрид, која инвестираше во проекти за меѓугранична соработка, заминала од државата. „Американците веќе не даваат пари за еврорегионот. Фондовите се испразнети и не функционираат. Тој проект доби друга димензија. Но, сега се наоѓаме пред поголем предизвик, интегрирање на Македонија во ЕУ“, додаде битолскиот градоначалник.

Во еврорегионот Преспа беа пет општини, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга. Во изминатиот период формираа и фондација за меѓугранична соработка „Еврорегион Преспа - Охрид“, која требаше да аплицира со проекти пред европските фондови за развој на овој пограничен дел од државата. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Руинирани училишта, компјутери за секое дете
Има ли кантар што ќе ги измери глупостите во битолскиот Совет
Пензионерите бараат чесни избори