Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Пензионерите бараат чесни избори

БИТОЛА - Стотина битолски пензионери веќе два пати протестираа пред седиштето на Здружението на пензионери во Битола, при што бараа да се запрат изборите за нов лидер на пензионерите предвидени за крајот на неделава со обвинувања дека се фалсификат. Револтираните пензионери бараат од актуелниот претседател Гавро Пановски да се тргне од челната позицијата поради нетранспарентност во работата. Во Битола има околу 17 илјади пензионери што месечно издвојуваат по 20 денари членарина, така што во касата на здружението се собираат од пет до шест илјади евра месечно.

„Изборите за нов лидер на здружението се нелегитимни. Не се во согласност со статутот. Протестот е израз на незадоволство на голем број членови“, вели Кочо Созовски, пензионер, член на иницијативниот одбор за фер и статутарни избори.

Незадоволните пензионери велат дека за ситуацијата ќе побараат истрага и од полицијата. „За се' што се случува ќе ги информираме министерствата за правда и за внатрешни работи и ќе им ги предадеме собраните докази за Пановски. Откако ќе ги преземат работите во свои раце ќе се напиеме кафе и ќе се поздравиме. На новиот лидер ќе му посакаме успешна работа“, велат пензионерите.

Претседателот на пензионерите Пановски и натаму тврди дека дебелата банкарска сметка на здружението е мотив за протестите. „Моите ме обвинуваат што сум кажал дека здружението има 39 милиони денари орочени на банкарска сметка. Сега вие бидете мудри, па видете кој сака да ги земе тие пари. Дали оние што протестираат се партиски мотивирани или не се. Мене ми се декларираа дека се од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Пановски, кој веќе четири мандати е на чело на пензионерите. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар

Од: Vecni lideri
Датум: 05.05.2010 01:12:19
Slicna e sostojbata vo Zdruzenieto na penzionerite vo Prilep. Sami si zakazuvaat izbori sami si se izbiraat se istite ludje, sami si pravat finansiski kontroli i istite veciti rakovoditeli ne gi davaat svoite stolici za ziva glava. A onaj " veciti" Pretsedatetel Dusko Surbanovski otkako znam e na celo na Zdruzenieto na Penzioneri na Makedonija. Vo drugite drzavi od poranesna Jugoslavija ( Srbija, Hrvatska , Slovenija) penzionerite se registrirani vo politicki partii i imaat svoi prestavnici vo nivnite parlamenti , a nasite penzioneri se stalni privezoci za edna od vodeckite parti( SDSM , a sega VMRO) i sme bez nasi direktni prestavnici, ako nekoj ne gi racuna vecnite pratenici: Dulic, Andov, Zingo , Petkovski i sl.
Од: Кали Перо
Датум: 05.05.2010 04:20:57
Црни Гавро Воздухот во градот под Пелистер со години е загаден покрај другото и поради реата што ја шири Црни Гавро. Едноставно лебди во воздух незадовлството од овој борец за пензионерскиот денар кој, како што коментираа група пензионери - бељотџии, на чело на Сојузот е уште од пред да биде засаден во Битола чинарот. Така, јавните муабети за неговите зулуми (и изуми!) одат дотаму што низ градот шета и муабетот дека Гавро си изградил споменик уште на животи, алудирајќи се на бистата на Тито поставена на Шиток Сокак а која личела повеќе на него, самиот. Исто така, отворено и силно го обвинуваат дека симулирал избори, односно ги спровел виртуелно, сакајќи да својот лик и (не)дело ги порамни со неговиот живот. Дел пензионери, пак, немоќно шират раце укажувајќи на семоќноста негова и аргументирајќи ја со зборовите: нему ниедна власт не му може ништо. Било како било но, сепак, и ако е од Гавро – премногу е! Останува единственото можно решение: пензионери од сите месни освестете се и од Црн

Најди! во Утрински
Македонија
Руинирани училишта, компјутери за секое дете
Пропадна еврорегионот Преспа – Кожани – Корча
Има ли кантар што ќе ги измери глупостите во битолскиот Совет