Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Бакојани бара од Груевски вистински да преговара

Последниот настап на Никола Груевски, според неа, не давал основа за оптимизам околу исходот во Њујорк

Од нашиот допсиник
Слободанка Јовановска

Брисел - „Ако сакаме решение, тогаш навистина треба да преговараме“, е пораката на грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, од Брисел, не на своја туку на адреса на нашиот премиер Никола Груевски, чиј последен настап, според неа, не давал основа за многу оптимизам околу исходот во Њујорк.

„Грчката влада го проучува предлогот на преговарачот Метју Нимиц и за неколку дена ќе му кажеме кога ќе биде следната рунда преговори“, изјави Бакојани, додавајќи дека не може да каже која е нивната дефинитивна позиција за преговорите, бидејќи Атина не зазема дефинитивна позиција додека не се најде решение за спорот.

На прашањето дали Грција е подготвена да направи отстапки околу прашањата за идентитетот, Бакојани одговори: „Како што знаете, преговорите се за името. Така што ние преговараме за името и за импликациите од него. Нема да навлегувам во детали околу преговорите, но силно верувам дека ќе се најде решение кое ќе биде победа и за едната и за другата страна ако раководството во Скопје сфати дека ова се сериозни преговори што се водат со резолуција на Обединетите нации.

Ако сакаме да најдеме решение, ние навистина треба да преговараме.

Последната изјава на Груевски не ни дава многу оптимизам околу тоа“, изјави Бакојани на прес- конференција по министерската средба.

Таа, по неколку месеци отсуство од грчките прес-конференции, го поздрави присуството на македонските новинари, прашувајќи ги веднаш дали летово биле на летување во Грција, но одговорот видливо и' го расипа расположението.

Словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, одби да учествува во внатрешните препукувања во Македонија на тема ќе добиевме ли датум или не за преговори да не беше грчката блокада во ЕУ во јуни годинава.

„Не сакам да навлегувам во конкуренција на изјави, околу тоа кој што рекол. Ние како претседавач направивме најмногу што можевме. И понатаму го поддржуваме почнувањето на преговори со Македонија, но тоа ќе зависи пред се' колку нашите македонски пријатели се подготвени за нив“, изјави Рупел по министерскиот состанок во Брисел.

Со тоа Рупел практично ја врза одлуката за започнување преговори со Македонија со но��мврискиот извештај на Европската комисија и со нејзината оцена колку се исполнети критериумите што и' ги даде таа на Македонија.


Статијата е прочитана 1671 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 16.09.2008 00:27:16
Grujo si napriavi kariera, izigruvajkji golem patriot. Negovata lichna finansiskata situacija sigurno mu e osigurana, nezavisno od toa dali MK kje vleze vo EU. Da se pokazhe seka kako ushte pogolem patriot, treba mozhebi da go preimenuva Skopje vo Pela, no za da e poubedlivo, treba da ni pokazhe slika na nekoj makedonski revolucioner kako go drzhi znameto so verginata.
Од: Gospod
Датум: 16.09.2008 00:27:27
Gruevski ne treba da pregovara za nametnat predmet, ama treba da gazi za "egejskoto prashanje" vracanje na imotite i javno izvinuvanje so obestetuvanje. Tolku ludje MAKEDONCI propadnaa i korenot im se sotre od Grckite zatvori i teroriziranje. Svetot tek ce vidi koi se i sto sakaat.
Од: makedon
Датум: 16.09.2008 00:38:10
So Grcija treba da se prifatat direkni razgovori pod pokrovitelstvo na SAD,na pregovorite da ucestvuvaat samo makedonski prestavnici od dvete strani nikako drugi ili drugite da bidat samo nabljuduvaci.Mislam deka vednas ke se najde resenie.Dokolku se pregovara so madziri i drugi nemakedonci ke imame problemi.Pregovorite treba da zavrsat so podpisuvanje na spogodba za obidinuvanje na Makedonija i sozdavanje silna ekonomski jaka drzava, demilitarizirana (edinstvena garancija za Grcija deka nema da bidi napadnata).Po soszdavanjeto na vakva drzava EU i SAD ke dobijat stabilen region no i bogat koj so svoite resursi i mestopolozba ke stani vodecki region vo svetot.Okolu sluzbenosta na jazicite mozi da se koristi makedonskiot model za jazicite a novite generacii pokraj angliskiot ke mora da go izucuvaat eden od najstarite jazici vo svetot.Dodeka malcinskite jazici ke si gozavzemat svoeto mesto(odnosno i tie ke se izucuvaat vo zavisnost od regionite.
Од: Makedonija na Makedonija
Датум: 16.09.2008 00:53:50
Ние како народ треба да се едуцираме и бидеме објективни. Политичарите кој ја знаат добро историјата на Македонскиот народ, да не се препуцаваат меѓу себе, него да излезат со доблест пред својот народ и да кажат отворено. Факт е дека и ден денес постојат 3 Македонии и дека сите на свој начин ќе си го бараат своето право, иако се створи со време една различност меѓу нив, но нее долг периодот од 90 години да се изгуби чуството на Македонизмот. Со кој памет запнавме да бидеме само ние Македонци, да не мислите дека Грците сакаат да станат Македонци. Тие што даваат смерница и нишан за името сакаат да не потсетат да внимаваме дека има ист таков народ кои исто така сака да се нарекува со такво име. Зарем не сакате да не има повеќе, тогаш да се затвориме во нашата енклава за инает на светот и да скапуваме уште онолку време удиралќи се во градите како Големи Македонци колку ни треба да не снема како Индијанците и Абореџините, Ние како Република Македонија со 37% од етничката територија на Маке
Од: macor
Датум: 16.09.2008 01:11:47
do makedon ....ti definitivno si zabegal, sigurno smetas deka resenie e cvrsta raka, ama mislam deka poveke uspeh ke imame so liberalen pristap, sekako ne po sekoja cena....dali se sekavas kako ni se krena kosata na glava pred nekoja god,koga bese navestena moznosta da se zboruva na albanski vo parlamentot.....i ?? cudo golemo..
Од: Kade Ste Makedoncinja
Датум: 16.09.2008 01:26:35
Sega koga veke nema drugari, nego site stanavme gospoda, sekoj misli deka ima ednostavno resenie za ova kompleksno prasanje. Ne razbiram sto se zanesuvaat onie sto mislat deka Makeonija postoi nadvor od Makedonija. Poglednete ja realnosta i reakciite na Grcko-influiran zapad. tie nikogas nema da dozvolat da barame nesto nadvor od Makedonija. Prioritet nie da naseto ime MAKEDONIJA bide priznaeno, no bez teritorijalni pretenzii. Grujo ima dobar stav, no ako treba da popusti za imeto, neka se vikame Severna Makedonija a ne dolna ili gorna. Sami gledate deka nasite vo Egejska Makedonija zboruvaat 'idiom' od jazik - za grcite , sto nasocuva deka Grcite nikogas nema da priznaat deka ima Makedonci vo nivna teritorija. Sekoj politicar vo svetot si go polni dzepot svoj prvo, pa posle misli za drugo. Grujo ne pravi nisto posebno - mu dadovme sila pa sega treba da molime gospod toj da uzvrati sto nesto ubavo za narodot. Makedonija ke se vika REPUBLIKA MAKEDONIJA.
Од: popaj
Датум: 16.09.2008 01:47:42
mihajlov ili mihalis ako netie do MK-to ime i doMK-ja odisi i krshi glava be shumkaru eden ,taa zemja i toa ime e krvavo plateno iza ipo tursko(vasite srbi i bugari )shpravele be ko..i zatnise tamu .Arejtingot kemu raste na premierot ,kajse komunjarite za17 godini sve isprodadoa ,a gruevski ti donese vcera10mil,eu poveke od zaev i branko shto ukradoa.
Од: marjan-viena
Датум: 16.09.2008 01:54:22
gospodine mihajlov,ti nemas poima od zivotot.vo eu, bas takvi kako tebe cekaat,sto ni svojata zemja nesi ja pocituvaat.ajde odi vo evropa sto cekas.
Од: димитар
Датум: 16.09.2008 02:25:46
Се плашиш кукло, а? Епа ќе биде по се изгледа Солун повторно главен град на Македонија!!! ВМРО!!!
Од: Istockh
Датум: 16.09.2008 02:36:24
Драги самонаречени "Големи Македонци", Сите вие кои како горили се чукате во гради (науката овој феномен го нарекува црна дупка во еволуцијата) и во 21-от век да кликате со квази патриотски пароли, притоа повикувајќи се на идеологии, а не на здрав памет и грам разум, сите вие во права смисла на зборот си ја донесовте Македонија во античко време. Неможев а да не се изнасмејам на: "Gruevski treba da gazi za "egejskoto prashanje" bla,bla "Александар Војвода со комитите..." и да не набројувам други вицови кажани од "патриотиве" На крај краева, што може да се очекува од "човек" кој сам себе си, се нарекува Господ? Најсрдечно на сите ликови од тој ков им препорачувам да се вратат во основно училиште каде конечно би можеле да ја научат (ако не друго - барем) кирилицата, затоа што верувам дека на таков начин ќе успеат и да ја користат. Со таков револуционерен потфат можеби и ќе сватат дека планетата Земја навистина е тркалезна. (за писмените останува да го прочитаат текстов "меѓу редови
Од: Pero-Miravci
Датум: 16.09.2008 03:30:20
Eden i edinstven pameten politicar sto znae kako se igra politicki fudbal so golemi drzavi e nasiot premier Nikola Gruevski ne e nitu "Grujo" "Mujo" ili pak "Haso"tuku e Gruevski Nikola.Moram da kazam deka pomos ni treba od pogolemite strani a pottikot e od nasa strana samo treba da imas ja... da igras takva politicka partija sah,a da pisuvas za nego kolku pari imal ti trebaat samo prsti a ne mozok.Nikola samo napred, istorijata e edna i sekoj si ja kroi na nego kako mu odgovara a nie se custvuvame kako Makedonci i Makedonija ke se vikame.Grcija si go zabi nozot sama.
Од: Atanas
Датум: 16.09.2008 05:20:19
I samiot cin da se nametnuva kum na drzavata e siluvanje. Na mnogu nezavisni i sposobno mislecki luge im e jasno za kakva bandogavost se raboti. Najgolema diplomatska pobeda za Nimittz ke bide ako go vrati mandatot i predmetot go dostavi do generalnoto sobranie
Од: za mihajlo
Датум: 16.09.2008 05:27:15
abe mihajlo mihajlo , da prebegash vo grcija mozesh na sekoj nacin , ne ti treba ni pasosh ni nisto ... idi tamu izjasni se koj si i sto si , samo nemoj da ja sramish Makedonija da kazesh deka si makedonec i matrijalnata sostojba ce ti bide po ubava . ce cishtish ulici i ce imash evropska plata. lupni malku taa tikva ...
Од: Branko
Датум: 16.09.2008 06:19:43
gospodjata vampirka prvo neka se nauci da go izgovori zborot Makedonskiot Narod pa posle moze za se da se razgovara osven edno golemo Ne za imeto.Voopsto mi se nesvatlivi Rakovodstvoto na Republika makedonija,zapnale kompromis pa toa,sto ima nie da pravime kompromis koga se gleda deka grcite sakaat da ne nema i kako drzava Makedonija i kako nacija Makedonci i kako jazik Makedonski sto ima posle seto ova da se pegovara treba Vednas da se prekinat bilo kakvi razgovori za imeto na Republika makedonija i poskoro vo OON kako Republic of Macedonia

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Францускиот амбасадор побара колективна мобилизација за ЕУ
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
Советот за евроинтеграции продолжи со работа
Опозицијата обвинува за цензура во Собранието