Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Советот за евроинтеграции продолжи со работа

Националниот совет за евроинтеграции вчера ја одржа својата прва седница по изборите и по изборот на старо-новиот претседател на Советот од редовите на опозицијата, Радмила Шекеринска. На седницата посветена на реализација на мерките за постигнување на главните приоритети за пристапување во ЕУ, присуствуваа и амбасадорот на Франција, Бернар Валеро, и евроамбасадорот Ерван Фуере. Според Фуере, Советот и неговото функционирање покажуваат оти е можно интересите да се постават на натпартиско ниво и да се изразат националните интереси во поглед на евроинтегрирањето. Фуере пред Советот изјави дека не сака да се повторува со она што го кажа во петокот пред собраниската Комисија за европски прашања, но оти тоа би била добра платформа за дискусија.

Пред Советот се обрати и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, според кого од Советот треба да се испрати порака за консензус за прашањата на евроинтеграциите. Тој кратко елаборирајќи поединечно за осумте определници кои ЕУ и' ги достави на земјава за добивање датум за преговори, апелираше за сеопфатен дијалог што би се одвивал во рамките на Собранието, кое би им вдахнало живот на мерките за исполнување на критериумите. Тој порача Советот да понуди модалитети за исполнување на целите, кои ќе бидат разгледани и вреднувани.

Во своите обраќања дел од претставниците на партиите од опозицијата побараа од премиерот Никола Груевски и од Владата да се воздржат од изјавите за очекуван негативен извештај од Европската комисија, што во таков случај ја прават нецелисходна потребата од ваков совет.

Некои од нив и' порачаа на Владата дека прв чекор за решавање на проблемот со евроинтегрирањето е да се признае дека постои проблем и вистински да се лоцира одговорноста, а не за неуспесите на домашен план да ја обвинува опозицијата, а на надворешен план Грција. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Францускиот амбасадор побара колективна мобилизација за ЕУ
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Опозицијата обвинува за цензура во Собранието