Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Францускиот амбасадор побара колективна мобилизација за ЕУ

Европската унија е задача за сите во државата, а не само на политичката елита


Вчера беше отворен ден за граѓаните во Собранието. Околу шестотини лица, меѓу кои и многу деца, ги посетија собраниските простории. Најголемиот дел од нив беа воодушевени од репрезентативната Кристална сала

Оливера Војновска

Амбасадорот на Франција, Бернар Валеро, вчера ни порача дека Македонија мора да направи колективна мобилизација на сите креативни потенцијали за да го фати приклучокот кон Европската унија. Францускиот дипломат, откако на трибината во Собранието внимателно ги ислуша долгите говори на македонските политичари (кои изобилуваа со фрази за демократија и европска иднина на Македонија), во концизното обраќање само од неколку минути, без ни малку заобиколување, кажа дека влезот во ЕУ е задача на сите во државата, а не прашање со кое треба да се занимава само една политичка елита.

„Очигледно е дека судбината на вашата земја е европска. Одот на Македонија кон Европската унија е колективен напор, тоа е заедничка работа, и на власта и на опозицијата. За остварување на оваа цела неопходна е колективна мобилизација во државата, Собранието и на сите институции“, констатира Валеро. Тој учествуваше на трибината во македонскиот парламент посветена на Меѓународниот ден на демократијата и изрази задоволство што низ собраниските ходници се сретнал со многу млади луѓе кои дошле да го посетат Собранието, за што му упати честитки на спикерот Трајко Велјановски.

Претседателот на Собранието во својот настап рече дека демократијата е процес во кој одговорноста е исто толку значајна колку и правата. „Затоа кога зборуваме за степенот на демократијата, сите мораме да се прашаме за нашата одговорност во остварувањето на демократските принципи“, рече Велјановски.

На работилницата насловена „Изготвување закони и регулаторен менаџмент“, Дени Пети, раководител во Секторот за законодавна поддршка во ОБСЕ/ОДИХР, препорача подготовката на предлог-законите да се заснова на ефективен процес на креирање политики, а регулаторната рамка мора да обезбеди доволно време за изготвување соодветни законски предлози. Директорот на НДИ, Роберт Скот Хејзлет, на работилницата „Јавни парламентарни расправи“ рече дека НДИ предлага со десет нацрт-амандмани за Деловникот да се институционализираат јавните расправи и да може парламентот да ги вреднува нив и да ги имплементира.


Статијата е прочитана 319 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Почнува судењето за хашкиот случај за работниците на „Маврово“
Бакојани бара од Груевски вистински да преговара
Советот за евроинтеграции продолжи со работа
Опозицијата обвинува за цензура во Собранието