Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Пензионерите бараат социјална пензија

Сите лица постари од 65 години да имаат право на надомест


Пензионерите бараат да се воведе државна социјална пензија, со која сите лица постари од 65 години, без оглед на нивниот работен стаж, би имале право на паричен надомест. Ова е иницијатива која Сојузот на пензионери вчера ја образложиле пред министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, по повод Светскиот ден на стари лица.

„Во државата има над 200.000 лица постари од 65 години. Само околу 100.000 од нив добиваат пензија. Другите немаат пензија. Никој не знае ни кои се тие луѓе, ни како живеат. Во голем број држави има такви социјални пензии", изјави претседателот на Сојузот, Душко Шурбановски. Наедно, пензионерите бараат да се намалат и годините работен стаж за стекнување пензија. „Наместо 15 години работен стаж, во пензија да може да се замине и со пет години работа“, посочи Шурбановски и додаде дека на овој начин овие лица и здравствено ќе се осигурат и ќе може да ги користат услугите на дневните центри.

Пензионерите се пожалија и дека најмногу го почувствувале падот на стандардот на населението. „Една просечна пензија е само 50,5 отсто од една просечна плата, додека во 1992 година изнесувала дури 79 отсто од просечната плата“, појасни Шурбановски. Со ваков стандард, пензионерите од кои околу 30 отсто се со пензија под 6.000 денари едвај составуваат крај со крај од месецот. „Старите лица, поради кревкото здравје, речиси секојдневно имаат потреба од повеќе лекови, кои за нив се често се прескапи, па пензионерите се доведени во дилема дали да купат леб или лек“, укажува Шурбановски.

„Пензионерите немаат причина да се жалат од Владата, бидејќи пензиите се исплатуваат редовно во првата недела од месецот. Македонија е една од ретките држави која и во услови на криза успеала да оствари барем мало покачување на пензиите“, изјави министерот Бајрами. Тој најави дека до крајот на годинава Владата треба да усвои и национална стратегија за подобрување на статусот на старите лица. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар

Од: Revizija na JNA penziite
Датум: 02.10.2009 10:10:00
Kako i vo drugite zemji od bivsata SFRJ da se revidiraat penziite na oficeritre na JNA, na policajcite i na komunistickite politicari koi steknale enormno visoki penzii za vreme na toj sistem, za razlika od obicnite rabotnici i sluzbenici. Sega tie visoki penzii go jadat penzionerskiot budzet. Eden zastavnik od bivsata JNA zema nad 30 000 denari, a kolku zema eden prosecen sluzbenik od osamostojuvaweto na RM, pa ce vidite.
Од: јас
Датум: 02.10.2009 10:53:42
Нешто друго?
Од: eu
Датум: 02.10.2009 13:16:14
taka e i vo eu nemoze da vlezas vo eu bez ova no mak ceka da vleze pa eu da i go plati ova a malo morgen toa ne go pravat povece tuku nametnuvat da se vovede soodveten porez i revizija na panzii n.p.eden inspektor vo penzija so sredno ovcarsko ima penzija 40000 a eden ucitel 7000 no eu so eden zamav moze da go resi ova da i nalozi na mak nema vlez vo eu bez fiskalni kasi na pazar i zemjodelci i mak ce pliva od pari zemjodelstvoto ucestvuva vo mak ekonomija so 80% a so porez 10% haha napraveto go ova i mak ce stane svajcarija a ne nacija vo odumiranje kakvi se tie covekovi prava ni penzija ni raboti umri i zivej kako kuci a drug vo izobilstvo.

Најди! во Утрински
Политика
Д-р Ванче Стојчев
Петковски крои влада во сенка
Педијатрите не даваат децата да ги лекува семеен лекар
Љупчо Георгиевски го брани лавот
Владата штеди на сметките за мобилки