По кусо боледување, во Воената болница во Скопје почина д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија. Не го доживеа печатењето на своето последно капитално дело „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“ од извонредна важност за македонската историографија, за македонската наука, за Македонците во светот и за меѓународната јавност, посебно во време кога аспираторите на македонската самобитност бараат затворање на македонското прашање со конечна промена на историското и државното име Македонија.
Роден во с. Црвулево, Штипско, тој завршил воени училишта во Сараево и во Белград, каде што истовремено го продолжил своето образование на Факултетот за политички науки, насока современа историја. Извесен период работел во Центарот за стратегиски истражувања на ЈНА, а во 1986 година магистрирал на тема. По магистрирањето работел во Воено-историскиот институт во Белград каде што го продолжил своето усовршување. Во 1992 година на истиот факултет ја одбрани и докторската теза „Бугарскиот окупациски систем и геноцидната политика во Југославија 1941-1944 година“.
По распадот на Југославија, доаѓа во Македонија и се вработува на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Во 1995 година е избран за доцент по предметот воена историја, потоа станува вонреден професор. (Н.П.)
Shteta, navistina nenadoknadiva shteta. Sr. stojcev beshe eden od retkite, ako ne i ajdobar poznavacc na voenata istorija na Makedonija, i ekspert za bukureshkiot dogovor so site negovi aneksi, tumacenja, nijansi, posledici! Mu se lutam na dedo Boze: zoshto zema vakvi lugje tolku prerano koga najmnogu i trebaat na makedonija, a ostava ligushkovci i eksperti z jugoslovenska knizevnost da ni podmetnuvaat "enciklopedii" i sliccni kukaviccki jajca. Neka mu e lesna zemjata na pocituvaniot d-r Vancce Stojcev
Од: Македонски Американски Совет-Детроит
Датум: 02.10.2009 05:37:04
Со неверување ја примивме веста за прераната и голема загуба на Д-р Ванче Стојчев. Изразуваме искрено сочувство со неговото семејство и блиските пријатели. Неговото големо животно дело што тој го остава зад себе претставува обврска за сите нас да продолиме по патот на вистината, по патот на светлината.
Иако никогаш не бил физички меѓу нас во Детроит, тој секогаш бил присутен неѓу нас со своето дело, а така ќе биде и во иднина.
Голем е бројот на неговите почитувачи како и на познавачите на неговото дело. Нега Господ му подари место меѓу праведниците. Вечна му слава и лесна му земјата македонска.
За Советот,
Др.Мед.Стојадин Б.Наумовски
Од: Zoki
Датум: 02.10.2009 08:51:46
Steta,a imase uste mnogu sto da kaze od istorijata za Makedonija,pocivaj vo mir
Од: od familijata
Датум: 02.10.2009 09:24:24
lesna mu zemja i vecna slava,bese golem borec i kako takov ke ostane vo nasite misli,negovite dela ke svedocat za goleminata na ovoj golem makedonski sin.
Од: Мишо
Датум: 02.10.2009 10:55:26
Не можам да поверувам.
Д-р Ванче Стојчев го познавав лично, со него соработував.
Извонреден човек, професионалец, експерт, патриот во душата.
Почивај во мир Ванче...
Македонија е горда што те имаше.
На Тебе ќе се сеќаваат многу нови генерации Македонци, затоа што ќе учат од тебе и од твоите дела.
Од: Prijatel
Датум: 02.10.2009 10:55:37
Pocivaj vo mir drag prijatele i golem borecu za Makedonija.
Izgubivme pred se golem covek koj vo sekoe vreme bese spremen sekomu da mu pomogne.
Veruvam deka vasite dela na koi rabotevte ke ja vidat slevtlinata na denot.
Socustvo do Vasata familija.
Bog da go prosti.
Од: Jorde Kragujevski
Датум: 02.10.2009 14:22:51
Socuvstvo do semejstvoto! Ogromna e zagubata o negovoto prerano zaminuvawe kako za semejstvvoto i za drzavata koja nema pokvaliteten naucnik i goovornik za voenata istorija.
Vecna mu pamet i slava na covekot koj mnogu sakav da go slusam a malku imav moznot.Mi ostanuva da go citam.Vecna mu pamet i slava pocituvan poznajniku i pocivaj vo mir.