Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата штеди на сметките за мобилки

Сметките за службените мобилни телефони што ги користат функционерите веројатно се прилично висока ставка која ја принуди Владата на штедење. Во оваа година на економска криза, Кабинетот на Никола Груевски реши да донесе две одлуки за ограничување на разговорите за службени потреби. За само пет месеци, високите службеници во државната управа, министри, нивни заменици, секретари, советници, раководители се лишени од привилегијата на мобилните за околу 1.000 денари месечно.

Што се однесува до четворицата вицепремиери, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Васко Наумовски и Абдилаќим Адеми, тие остануваат во категоријата на бенефицираните, бидејќи за нив нема граници за мобилно зборување.

Според одлуката објавена во „Службен весник“ од 30 септември, а која стапи во сила во почетокот на минатиот месец, а ја потпиша вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите кои до април 2009 имаа право на 4.900 денари месечни мобилни разговори, сега ќе имаат 3.920 денари. Лимитот за замениците-министри е симнат на 2.750 денари, пред тоа беше 3.500 денари. Колку за потсетување, во првата одлука за користење мобилен телефон донесена пред шест години министрите имаа право на разговори од 8.000 денари, за три години потоа да бидат лимитирани на 7.000 денари. Замениците на министрите од 6.000 денари за службени разговори паднаа на 5.000 денари.

Според септемвриската одлука, генералниот секретар на Владата ќе може да троши за службени потреби 3.360 денари наместо 4.200 денари.

Државните секретари во министерствата се лимитирани на 2.650 денари, пред тоа им беа дозволени телефонски импулси од 3.500 денари. Советниците и раководителите ќе можат да зборуваат за 1.680 и 1.120 денари во текот на еден месец, претходно лимитите за нив беа 2.100 и 1.400 денари.

Во овие износи не се вклучени месечната претплата и данокот на додадена вредност, за што, исто така, ќе се издвојуваат пари од државната каса. Во одлуката на Владата е предвидено раководителите на секторите да имаат право да одлучат колкумина и кои од вработените службеници ќе имаат право да користат службени мобилни. Износот на нивните сметки не смее да биде поголем од 500 денари. (К.Ч.)




#
Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 02.10.2009 10:56:34
А да почне малку да штеди со членување во 8-9 комисии, каде ништо не работат а земаат надоместоци? Некои комисии бројат и по 10-15 членови кои фигурираат на спосок за хонорари, а работат само двајца- тројца во истите. Намалете ја бројката, па ќе имате заштеда, доколку навистина се секирате за буџетот а не за своите џебови.
Од: јас
Датум: 02.10.2009 10:59:40
„ГОЛЕМА ЗАШТЕДА “ !!!! А да им ги намалите драстично или укинете другите привилегии , кои се ОХОХО поголеми од оваа ставка?!

Најди! во Утрински
Политика
Д-р Ванче Стојчев
Петковски крои влада во сенка
Пензионерите бараат социјална пензија
Педијатрите не даваат децата да ги лекува семеен лекар
Љупчо Георгиевски го брани лавот