Потврдени изборните резултати во Монголија
Улан Батор - Монголската народна револуционерна партија освои мнозинство гласови на парламентарните избори во Монголија одржани во неделата, соопшти портпаролот на изборната комисија. Партијата освоила 47 од 76 пратенички места во парламентот, додека партијата на демократите освоила 26 места. Преостанатите три пратенички места им припаднале на еден независен кандидат и на две малцински партии. Портпаролот на монголската изборна комисија оцени дека изборите биле чесни, иако некои кандидати приложиле приговори за неправилности.
Опозициските демократи оценија дека изборите се наместени, додека меѓународните посматрачи изборите ги оценија како главно чесни. Неколку илјади демонстранти вчера се судрија со полицијата, при што пет лица загинаа, а 329 се ранети во нередите во Улан Батор, а околу 700 се уапсени поради учество во нередите.
Денеска во Улан Батор е мирно, откако монголскиот претседател Намбарин Енхбајар вчера објави четиридневна вонредна состојба. (Макфакс) |