Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Отворањето нов фронт на Блискиот Исток би било стресно за САД

Главниот воен офицер на САД смета дека нов фронт со напад врз Иран би било „екстремен стрес“

ВАШИНГТОН - Главниот воен офицер на САД изјави дека отворањето нов фронт на Блискиот Исток преку напад врз Иран би било „екстремен стрес“ за американските сили. Адмирал Мајк Мулен, началник на Генералштабот на здружените сили, ја коментираше веројатноста за американска или израелска воена акција поради нуклеарната програма на Иран. Напнатоста се зголемува поради информациите дека Израел можеби планира напад врз нуклеарните објекти на Иран. Иран негира дека неговата нуклеарна програма е наменета за друго, освен за мирољубиви цели.

Дописникот на Би-Би-Си од Вашингтон јави дека подолго време е јасно дека адмирал Мулен не сака напад врз Иран. Но, неговите најнови коментари сугерираат дека тој цврсто се бори зад сцената и САД и Израел внимателно да размислат за последиците од евентуален напад пред да се решат да го направат, рече тој.

На конференцијата за печатот на американското Министерство за одбрана адмирал Мулен одби да каже што го известиле израелските лидери на состаноците минатата недела во врска со какви било планови за напад врз Иран. Меѓутоа, тој предупреди дека отворање трет фронт, по Ирак и Авганистан, би било „екстремен стрес, многу предизвикувачки, со последици кои тешко би се предвиделе“. На прашањето дали е загрижен дека Израел би нападнал пред крајот на годината тој рече: „Ова е многу нестабилен дел од светот и не треба да биде уште понестабилен“.

Адмиралот изјави дека доколку започне конфликт тој е уверен дека Иран ќе биде способен да го прекине поморскиот сообраќај преку стратегиската Ормудска теснина, воден премин во близина на Заливот, но не наведе дали американската морнарица ги зајакнува патролите во регионот.

На американскиот претседател Џорџ Буш, претпоставен на адмирал Мулен, исто така му беа поставени прашања за неодамнешните шпекулации дека е можен воен напад врз Иран. Претседателот изјави дека сите опции се на масата, но дека воена акција не би била негов прв избор. Неговите високи претставници ќе бидат задоволни од таков одговор, јавува дописникот на Би-Би-Си од Вашингтон. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
По шест години заложништво, Ингрид Бентакур е на слобода
Гордон Браун се бори политички да преживее
Софија ја потресоа силни експлозии во магацин за старо оружје
Двајца француски студенти во Лондон пронајдени избодени
Абрамович на Челзи се откажа од губернатор
Потврдени изборните резултати во Монголија