Нови сведоци за убиството во Градежно
Кривичната истрага по трагичниот инцидент што се случи на средината на април оваа година, кога животот го загуби 17-годишниот Мухамедали Јашари, е пред завршница. Како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд, истрагата чека на нови двајца сведоци, предложени од Обвинителството. Засега е неизвесно кога ќе бидат распрашани предложените сведоци за инцидентот во Градежниот училиштен центар „Здравко Цветковски“. Како што сега стој��т работите, малолетникот Д.Т. (16) и натаму е главно осомничен за смртта на Јашари, а 19-годишниот С.Г. е осомничен за кривично дело насилство.
Трагичното загинувањето на Мухамедали Јашари отвори многу контроверзии во целиот овој случај. Според едната верзија, тој во намера да заштити свој познајник од училиштето, застанал пред напаѓачот, кој го удирал со метална прачка се' додека не починал. Според друга верзија, Јашари бил удрен само еднаш, а смртта настапила како последица на ретка болест од која боледувал. (Љ.С.) |