|
|
|
|
|
|
Пријава за прилепски хирург
ПРИЛЕП - Прилепски хирург, истакнат член на општинската организација на СДСМ, в.д. директор на градската болница во Прилеп во период од 2003 до 2006 година, е осомничен за злоупотреба на службена должност и овластување. Како што вчера соопшти СВР-Битола, Д.Б. (52) во текот на 2006 година извршил набавка на реагенси за сума над еден милион денари потребни за болничката биохемиска лабораторија. Набавката ја извршил без да спроведе јавна постапка и потпишал договор кој бил во корист на добавувач од Скопје. Истата година за да избегне постапка за набавка по отворен повик, извршил 13 посебни набавки од мала вредност на т.н. „минивидас“ тестови во вредност над еден милион денари од добавувач од Скопје.
Според полициското соопштение, осомничениот хирург во предистражната постапка изјавил дека не е спроведена постапка во согласност со Законот за јавни набавки, затоа што фирмата-добавувач од Скопје била ексклузивен застапник на производите од палетата на „минивидас“ тестовите. Меѓутоа, во наредниот период друга раководна гарнитура извршила набавка на истите реагенси според Законот за јавни набавки, при што е спроведена постапка по пат на отворен повик. (Мн.Т.)
|
#
|
Статијата е прочитана 2005 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pirgan |
Датум: 18.06.2011 08:58:16 |
|
A,sto ima vrska deka bil istaknat clen na sdsm,novinarke Taleska?Da ne e toa kriterium za nedopirlivost?Bogoeski e nevistina dobar doktor,no si saka i da go pocestat so nesto finansii.Osven negoviot licen interes nisto drugo ne napravi vo prilepskata bolnica. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goca |
Датум: 18.06.2011 19:44:13 |
|
Ako toa se slucilo(?!) od 2003 do 2006 g.,zosto togas se cekalo tolku dolgo za da se reagira?!G-go Taleska,ova e samo uste eden dokaz kako sega DPNE se spravuva so neistomislenicite..najnapred od vtoriot-tretiot eshalon na clenovite na SDSM,a posle se poblisku do onie od vrvot!Taka se praktikuva "demokratijata", "reformite" i "prerodbata" kaj nas,za zal!!!Od avion se gleda tvojata oboenost novinarke!Oh,mori majko,koj se ne pisuva glupavi informacii!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|