|
|
|
|
|
|
Затворена истрагата за тепачката на Кале
Кривичното истражно одделение на скопска „единица“ ја затвори истрагата за масовната тепачка што се случи на 12 февруари на скопското Кале, за што се осомничени десетици млади. Предметот е предаден во скопското Обвинителството, кое треба да одлучи дали кривично ќе ги гони учесниците во немилиот инцидент.
Во масовната тепачка учествуваа поддржувачите на идејата за изградба на црква и, од друга страна, противниците на ваквата идеја. Во тепачката биле користени камења, шишиња, но и ножеви и дрвени палки. Во нередите беа повредени осуммина млади, меѓу кои и двајца полицајци.Скопската тврдина од инцидентот досега е затворена за посетители и се обезбедува од страна на полицијата. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 1130 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Петар |
Датум: 18.06.2011 12:12:24 |
|
Ми дојдоа гости од Загреб и сакав да ги прошетам по Скопје. Моите пријатели беа фасцинирани од камениот мост, старата скопска чаршија и им реков, супер сега ќе ја видите и скопската тврдина е тоа е навистина нешто ... Дојдовме на влезот од тврдината и таму имаше двајца типови “обезбедувње“ кои занесено гледаа утакмица на едно мало телевизорче изнесено на тротоарот, грицкаа сончоглед и таман кога сакавме да влеземе имате:
-каде БЕ вие?
-па да го посетиме калето имаме гости од Хрватска...
-Не може враќајте се назад!
-Зошто ??? им велам ...
-Не може! и повторно се свртеа накај телевизорчето ... видно нервозни зошто сме ги прекинале во гледање телевизија ...
Ќе одговори ли некој зошто не смееме да ја посетуваме скопската тврдина... Се засрамив пред пријателите од Загреб, заради несмасните типови пред портите на Калето ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Avstralia |
Датум: 19.06.2011 14:22:32 |
|
Vo Septemvri .planiram da donesam vo Makedonija moi prijateli od Kanzas Usa i Tel Aviv Izrael ,pa navistina ova e apsurd,mene taka da mi napravat tipovite odma na Gruevski pod hitno,koj se tie faci,koj gi postavil ,jas ne sum religiozen,ama ona sto e za narodot da go gleda ,ve molam,organizirajte podobro,se nadevam deka gospodata od vlasta ke go procitaat ova moe pisuvanje. |
|
|
|
|
|
|
|
|