Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Обвинение за „Франкфурт мафија“

Обвинителството вчера требаше да ја достави одлуката дали ќе им се суди на шверцерите на дрога

Јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција вчера требаше да го достави до Кривичниот суд своето мислење за големата група осомничени за трговија со наркотични дроги во Австрија и во Германија, а кој на јавноста и' е познат како „франкфуртска мафија“.

Иако до затворање на весникот не успеавме да ја дознаеме одлуката на Обвинителството, повеќе од извесно е дека за големиот број на осомничени ќе биде поднесено обвинение за недозволено тргување со хероин, но и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Првичната разрешница на овој случај, во кој освен македонската учествуваа и австриската и германската полиција, дојде по приведувањето на лицата за кои се веруваше дека се дел од „велешката мафија“. Кон средината на минатиот декември полицијата презеде сеопфатна акција во неколку града во земјава. Главните претреси беа вршени во Велес, Скопје, Свети Николе и во Гевгелија. На долгата листа на осомничени се наоѓаат имињата на 32 лица, но осуммина од нив веќе подолго време се во притвор во затворите во Австрија и во Германија.

Според Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал, „франкфуртската мафијата“ започнала со работа уште пред шест години, но австриската и германската полиција минатата лето презеле акции за апсење на сите оние наши државјани што имале каква и да е врска со транспортот и препродажбата на хероин.

Јавното обвинителство излезе со тврдење дека учесниците во нелегалниот бизнис дејствувале така што освен транспорт, имале и свои посредници и препродавачи на хероинот што завршувал на улиците во неколку града во Германија и во Австрија. Заработката од продадениот хероинот им била испраќана преку „Вестерн унион“ и „Мани грем“ на неколку лица во земјава. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1363 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Фатени Бони и Клајд од Скопје
Пријава за прилепски хирург
Нови сведоци за убиството во Градежно
Затворена истрагата за тепачката на Кале

"""