Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

ИНТЕРВЈУ

Сега е шанса да се притисне Грција

Даниел Кон Бендит, лидер на европските зелени

Потребно е да се прекине оваа игра со името,

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Даниел Кон-Бендит, копретседател на групата на зелените во Европскиот парламент и еден од лидерите на новото политичко движење во Франција, Европа-екологија, за „Утрински весник“ се осврнува на проблемот со блокадата на европската интеграција на Македонија поради нерешеното прашање за името. Лидерот на студентските протести во мај 1968 година, во Франција, смета дека сега е шанса да се изврши притисок врз Грција за да направи отстапки за ова прашање, во замена за помошта што ќе ја добие од Европската унија. Кон-Бендит проблемот на Македонија го споредува со тој на Кипар, во кој до израз дојде немоќта на ЕУ да најде решение. Решението за излез од проблемот со името, според него, сепак, не може да дојде однадвор, бидејќи партијата се игра во Македонија и во Грција.



Господине Кон-Бендит, Вие и' станавте познат на македонската јавност со Вашата дискусија во Европскиот парламент, кога отворено изјавивте што мислите за проблемот со името на Македонија.

Во однос на проблемот со името на Македонија јас отсекогаш имам едноставна позиција. Јас велам Македонија е Македонија и ќе остане Македонија. Потребно е да се прекине со оваа игра. Но, тука, преку овој проблем, се гледа проблемот на сите одлуки што треба да се донесат едногласно во ЕУ. Се' додека Грција ја блокира одлуката за преговори за Македонија

тоа претставува проблем и во функционирањето на ЕУ. Сега постои можност вистински да преговараме со Грција за помошта за нејзин излез од кризата и за грчко попуштање во однос на името на Македонија. Тоа, можеби, би било можност да се излезе од ќор-сокакот.

Но, како може да се излезе од ќор-сокакот што ја блокира европската интеграција на Македонија?

Тоа може да се постигне така што ќе се врши притисок врз Грција да ја деблокира блокадата. Но, како што знаете, ние ја изгубивме битката со Кипар. Сега, како реакција на тоа, турската заедница избра националист за свој предводник, кој ја прави ситуацијата уште посложена. Ова, всушност, е во интерес на грчките националисти. Сега грчките кипарски националисти ќе можат да ги покажуваат со прст турските националисти и обратно. Тоа е резултат на немоќта на Европа со години да предложи и да наметне едно решение за Кипар.



Што мислите за притисоците што се вршат врз Македониј�� за менување на името?

Јас ви велам отворено - ова не е мојата шолја чај (не ми се допаѓа). Ако Македонија сака да си го зачува името Македонија, тоа мене ми одговара. Ако Македонија сака да си го промени името, тоа го прифаќам. Околу ова име направивме големо националистичко наддавање, како во Македонија, така и во Грција. Мислам дека би било добро да се истушираат за да се смират сите. Во спротивно, нема да излеземе од проблемот.



Политичката група на европските зелени секогаш и' даваше поддршка на Македонија. Дали таа може да поведе иницијатива за решавање на проблемот?

Би можеле да поведеме иницијатива, тоа би било иницијатива на компромис, под услов ако двете страни се подготвени да прифатат компромис. Засега реакцијата околу идентитетот е таа што блокира се' кај двете страни.



Дали Европа може да игра поголема улога во решавањето на проблемот, кој од почетокот е во ОН?

Секој му го дава жешкиот компир на другиот. Според мене, партијата се игра во Македонија и во Грција. Тие се оние што треба да станат поразумни. Тоа е истото она го знаеме со кипарските Грци и кипарските Турци. Ако не се рационални и ако не се раздвижат, тогаш не може да се најде решение меѓу Македонија и Грција. Кога постои националистичко лудило тогаш тешко може да се запре тоа.


#
Статијата е прочитана 2368 пати.

Испрати коментар

Од: SMK
Датум: 22.04.2010 00:28:18
Името само на суд во Хаг може да се реши преку советодавното мислење од истиот суд за дополнителните услови на членството на РМ во ООН.
Од: novoselec
Датум: 22.04.2010 00:45:33
Mu blagodaram na gospodinot Bendit. Ubavo e da se cue za poddrska od Francija cij sto pak pretsedatel e na grckata strana. No, Makedonija za srekja pregovara preku ON i gospoditot Nimic? Zosto bi isle preku Evropa kade vo nekolku institucii "zasegnati" od makedonsko-grckiot spor sedat evro-pratenici od grcko poteklo?
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 22.04.2010 00:54:43
Kon Bendit e politichar i ne go interesira istorijata, a go poshtuva nasheto pravo da se narekuvame kako nie sakame, no vo isto vreme prefrla deka so imeto e napravi golemo nacionalistichko „naddavanje“. Koga eden zapaden politichar kje izjavi deka go poshtuva nasheto pravo kako kje se narekuvame, vo MK se tolkuva kako priznavanje deka sme naslednici na antichkite makedonci. Za Evropa antichkite makedonci se del od grchkata antichka kultura, a so prisvojuvanjeto na grchkata antichka istorija nema nishto da izmenime, osven shto kje gi izgubime simpatiite shto gi imavme kaj nekoi zapadni politichari.
Од: Red rose and fist
Датум: 22.04.2010 04:29:19
Eve od kade premierot nas vlegol vo film deka sega Evropa kje ja pritisni Grcija da popusti vo sporot so imeto a tie kje ja nagradele Grcija so finansiska pomos za izlez od krizata.Bogami ako e taka(a ne e taka)skapi sme bile.Vredime okolu 40 milijardi evra,koi evropjanive kje gi daele samo ako Grcija ne priznae(hahahahah ne daj boze pod naseto ustavno ime)odnosno napravi otstapki.E sega dali ova znaci deka kje ja pritisnat i za Kipar i za Turcija.......
Од: cobe
Датум: 22.04.2010 07:16:49
За жал овој Зелениов од Европа е зелен како и нашите ВМРО-вчиња.....Грција е сепак Грција и нема шанси да ја притиснат, кој во тоа верува се лаже како Тања Бумбарката и нејзината братија како Митре од Битуше, Македонка од Велес, чичко Југо, Алаксандар од Триангла......
Од: jovan
Датум: 22.04.2010 08:55:10
Nam ni ostanuva samo strplivo da cekame i jasno i glasno da im stavime do znaenje na site deka naseto ime e Makedonija i nema sto tuka da se baraat kompromisi. A ona da se izvrselo pritisok na Grcija bidejki NEKOJ ke i dal pomos, ne gledam nikakva vrska. Taa pomos ne ja davame nie pa da vrsime pritisoci/uceni. Baska mnogu lesno mozeme i nie naskoro da se najdeme vo situacijata na Grcija, pa neznam togas tie sto ke ni davaat "pomos" kakvi pritisoci/uceni ke vrsat nad nas. Nie i sme veke vo takva situacija, zavisi samo koga ke ni go "puknat balonot", a toa lesno mozat da ni go napravat bidejki celiot finansisko/bankarski sistem ni e vo racete na stranski banki i defakto nemame totalna kontrola vrz bankarskite pari, narodski kazano, ne sme nezavisni.
Од: Ицо
Датум: 22.04.2010 08:56:21
Охрабрува фактот што постојат субјективни структури во ЕУ кои ја сфаќаат бесмислата на Грчкото дивеење со намера да го уништат македонство. Засега нивниот бројот не е доволен за да се присилу безумникот на разум. Најчесто странците не советуваат да сме биле разумни, да сме нашле компромис со безумникот, да сме прифатеке име кое всушност ќе го уништиме нашиот македонски идентитет во минатото, сегашноста и иднината!Незнам зошто, на политичките структури во ЕУ не им паѓа на памет да го примнат одамна промовираниот антиколонијален принцип и за Македонија, која во 1912/13 г. беше поново колонозирана и поделена со согласност на повеќе сегашни членки на унијата!? Всушност,Грција е смртно исплашена од таа евентуалност, или од некое поблаго решение. На пример, апсолутно остварување на националните и граѓански права на Македонците на секаде. Името Р. Македонија е само инструмент во рацете на грчките фашисти во крстоноснатата војна против македонството
Од: pero
Датум: 22.04.2010 09:08:47
Ako navistina vo interes na evropa e da nemaat dupka na nivna teritorija, odnosno ako nasata integracija e navistina vo interes na evropa, togas stavot na germanija i francija, kako verojatni najgolemi finansieri na grckata dupka, trebase da bide racionalen. Trebase kulturno da im recat "vie gi obstruirate interesite na evropa, e sega koga evropa vi treba, kje treba da se ponasate evropski i da gledate malku podaleku od nosot". Bez toa nacionalisti kako Grcite ne veruvam deka mozat da se nateraat da reteriraat. Ako se sekjavate i tie ni nudiea pari za ime, sega nekako treba da se svrti topkata. Za zal, nie povtorno sme nemokni da vliaeme na procesite. Zosto, ostavam da odlucite vie.
Од: nekoj
Датум: 22.04.2010 11:01:35
Tokmu taka-isturiajte se, izladete gi glavite i sednete na masa! Grcija da prestane da se glupira so blokadi, a Gruevski da prestane da krade istorija!!!
Од: srebre
Датум: 22.04.2010 11:23:46
kocnicatae kaj vmro nemoze eden evropski parlamentarec koj vrska nema od istorija da kazuva da se pritisne grcija ,grci nema da popustat i po cena da izlezat od eu imeto istoriski e nivni nie go koristime 65g pridavka ili ce se raspadneme.
Од: Резервов
Датум: 22.04.2010 14:04:00
Сребре бре, со вакви како тебе поарно е и да се распаднеме. Дали ли сребренец или Македонец, грците секако не те сакат, па тебе и ноктите да ти отпаднат од гребење. Или мислиш ако влезиш во Европа Злате ќе се прекрстиш?
Од: perica
Датум: 22.04.2010 14:16:00
Podrskata od Bendit nema vrska so podrska od Francija,poveke znaci obratno. Da potsetam Bendit e radikalen levicar, eden od vodacite na studentskite demonstracii '68-ta. Ako nekoj saka da vlece zaklucoci treba da znae deka negovite stavovi se sekogas totalno sprotivni na stvovite na oficijalen Pariz. Ova ne treba da e nisto novo zatoa sto site znaeme deka Francija bila i ostanuva "najtvrdiot"sojuznik na Grcija po prasanjata na nadvoresnata politika.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Авионски трикови на Скопје и на Атина
Прв случај, прв кикс
Нема уставни измени без Бадентер