Антикорупциска комисија и со новоизбраниот шеф не успеа да се прешалтува во вистинската насока. Киксираше на првата одлука, со тоа што го заштити вицепремиерот Васко Наумовски и многу лесно го амнестира од одговорност. Не било пречка овој функционер да биде и министер и професор. Браво. Навистина голем успех за Антикорупциска.
Наумовски активно ќе работел на евроинтеграциите и на внесувањето на Македонија во Европа. Тоа што истата личност обезбеди професорско место додека е министер, но на Правен факултет нема да се активира, за Антикорупциска е доволно оправдување. Коректорите на власта – антикорупционерите, во овој случај, за жал, не видоа ниту коруптивно вработување ниту препознаа прикриена форма на влијание.
Престижната интелектуална професија ја резервирал вицепремиерот за себе и ја оставил во мирување, чувајќи ја како отстапница за утре. Значи, додека професор Наумовски реши да заснова реален работен однос, студентите ќе почекаат на часови по применети политички науки. Вакво нешто има само во Македонија, се разбира, не за сите. Во игра се само одбрани луѓе, првенствено докажани партиски кадри.
Неспојливоста на двете функции е спорна не само од правен карактер туку и од етички. Изостана издржан став од Антикорупциска. Со гребнување по површина и без посеопфатна истрага, комисионерите прогласија чист случај, но го ставија под сомнеж секое наредно постапување за слични предмети. Тоа што за ангажманот на вицепремиерот го вперија прстот на одговорност во Правниот факултет, воопшто не ја оправдува Антикорупциска, бидејќи се изместува тежиштето на одлуката. Темната дамка за идното работење на Наумовски, всушност, е црна дамка за Антикорупциска.
Груевски........ на Ахмети.......на Селами..... Васко на Правен.......... И волкот сит... и овците на број........ОСТВАРУВАМЕ..........
Од: Лазо Стефанов
Датум: 22.04.2010 07:15:52
Уште една добра порака испративме до:странските инвеститори и меѓународната заедница. Но, најсилна порака до домашната јавност - да се продолжи вака, затоа што сите идни случаи ќе се третираат на ваков начин..
Од: mitre od dolnodupeni
Датум: 22.04.2010 08:08:03
Не работел ниту еден ден на тоа место а истото му мирува? Чувај ме боже.
Од вакви чесни партии и поединци боледува нашава држава.А народецов си чути...
Пусто турско..
.Но сепак тогаш барем имаше комити....
Полжавот нели со влечење и лигавење стасал до врвот!
Од: Nikola
Датум: 22.04.2010 08:20:51
Gi potrosivme godinite vo nadmudruvanja so kobozemni formalni prava. A problemite se ednostavni! ne moze premier da magistrira dodeka e premier, ne moze Vicepremier da se vrabotuva, pardon, da bide izbran za nastavnik na fakultet, dodeka e vicepremier, ne mozat pratenici da bidat izbrani na drzavni univerziteti dodeka se pratenici, ne moze pratenik da ima delovni vrski so drzavata dodeka e pratenik! ne treba filozofii, ednostavno ne moze!
Од: jovan
Датум: 22.04.2010 09:03:44
Nasava drzava e vo sopstvenost na 5-6 familii i tie resavaat za se. Koj ke sedi vo foteljata na premier, Guverner, Funkcioner, Direktor, site tie mora da gi izvrsuvaat naredbite na gazdite, a gazdite od kogo dobivaat "naredbi" e veke drugo prasanje.(po logika od onie koj im dozvolile da bidat gazdi)
Од: Трпе
Датум: 22.04.2010 09:41:20
Ништо од рекламите на бладата.Наместо корупцијата да се намалува и уништува таа се шири.Така е кога таа држи се под своја капа за лични интереси.Слушам и овие пензионерите инвалиди,кои се стекнале сопензи на за нив чесен начин,се растрчале по болниците за нови дијагнози.Имало голем број поранешни функционери кои земале инвалидски пензи.Пред некој ден читам во Вечер,дека поранешниот градоначалник на Струмица земал инвалидска пензија иако бил сопственик на повеке фирми а е од редовите на дпмне.Ова за Наумовски е мачкина кашлица.
Од: Krt
Датум: 22.04.2010 10:16:01
Zosto ja krivite antikorupciskata komisija.Ne smee taa nisto da stori pred da se konsultira so portparolot na DPMNE ,Biciklisticki.Toj se znae i resava.Najdobro izgleda koga se vozi vo mercedesot,a najpameten e koga nisto ne izjavuva.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.04.2010 11:10:34
Што?! Ме нема да прокоментирам?! Па, кога Лудилото Ечи, на сточниот еким не му останува ништо друго освен да молчи во чудо,или да ја земе Лопатата, па да гради... пардон, Сади, Сади, Сади... се разбира, Дрва, а што мислевте вие?! :) За позелена и за почиста Македонија!