Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Авионски трикови на Скопје и на Атина

Атина и Скопје си играат игра на нерви околу пристигнувањето на премиерот Никола Груевски во Атина за конференцијата на „Економист“. Една недела пред започнувањето на конференцијата, се' уште е неизвесно дали премиерот ќе добие дозвола за слетување на аеродромот во Атина со националниот авион. Па, така, Груевски се' уште не се изјаснува дали ќе присуствува на конференцијата, а од грчкото МНР му возвраќаат, па не одговараат дали ќе му дадат дозвола да слета. Кој ќе попушти прв?

Грчките медиуми веќе шпекулираат дека Груевски знае оти шансите да добие таква дозвола од Атина се мали, па чека до последен момент да направи спектакл, по негативната реакција од грчка страна. Скопје повторно ги користи познатите „авионски трикови“ за слетување во Грција, коментира грчкиот весник „Етнос“. „Премиерот Груевски сака да дојде со државен авион што ќе ги има името и националните симболи на ’Република Македонија’, но е свесен дека нема да му биде дозволено тоа, така што Груевски најверојатно чека до последниот момент на одржување на семинарот ’драматично‘ да најави дека не му бил дозволен влез во Грција“, пишува весникот.

Грчкото МНР потврдува дека го добиле барањето од македонска страна, доставено од нашата Канцеларија за врски во Атина во петокот. Оттаму велат дека ќе одговорат на барањето „во соодветен момент“. Од друга страна, кај организаторите на конференцијата е потврдено присуството на премиерот на дебатната сесија на 29 април. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3536 пати.

Испрати коментар

Од: Sudija na Apelacioniot sud
Датум: 22.04.2010 00:25:53
Името само на суд во Хаг може да се реши преку советодавното мислење од истиот суд за дополнителните услови на членството на РМ во ООН.
Од: Od Prijatel
Датум: 22.04.2010 00:59:18
Sto ke bara tamu i taka tie se vo bankrut sto ke naucis od niv samo da trosis vreme i benzin ...
Од: novoselec
Датум: 22.04.2010 01:06:04
Sporot e vo tek i ne e zavrsen. Koga kje se postigne resenie i ako sodrzi promena na imeto (protiv koe jas licnu sum), togas nie bi trebalo da go prefarbame avionot. Zosto sega? Ili, neka ni dadat avion so UN nalepnica?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.04.2010 09:50:24
Се цитира соседен медиум без сопствен став на новинарот,па така на прв поглед испаѓа да пак ние нешто ,,извољевамо,,и пак ние несме кооперативни.Замислете премиерот се осмелува да патува со авион на кој пишува МАКЕДОНИЈА, каков безобразлук пак го нервираме соседот а богами и домашниве душебрижници.Или нека тој лично го извади натписот на авионот или нека оди со автомобил.И со автомобил е проблематично ако има МК налепница,затоа мајката му е автостоп,па кога стигне стигне.
Од: Mite
Датум: 22.04.2010 09:51:37
ke mora da napravat samolepivi Nalepnici za avionot so Fyr Macedonia, a od dole neka stoi R.macedonia, po potreba ke se prelepuva i odlepuva..
Од: Krt
Датум: 22.04.2010 10:09:49
Sekogas koga nasiot premier se nadmudruva so pomudri od nego nie go gubime mecot so sluzben rezultat.Ne samo sto n iv im gi tanci nervite i nasite gi napravim za nikade.A, da proba da odi za Atina preku Kipar,mozebi ce uspee?!
Од: realen
Датум: 22.04.2010 10:11:18
Napisot nema da go komentiram, no slikata so avion na MAT-poranesen nacionalen avioprevoznik e neumesno da se koristi koga drzavat jasno ne ja poddrza i MAT ne e toa. Stavete slika od Skywing ili nesto slicno. So pocit.
Од: TRAJANKA
Датум: 22.04.2010 10:28:34
Na Gruevski Avionot e Super so site obelezja REPUBLIKA MAKEDONIJA
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.04.2010 11:13:18
АјјЈјјј... Магичноооо...!!
Од: Siljan
Датум: 22.04.2010 11:28:25
Нормално е да не се избрзува со изјавите околу евентулалното заминување на конференцијата во Атина. Груевски е Премиер на суверена држава и како секој друг Премиер на било која држава, на авионот со кој лета, стојат симболите и називот на земјата. Доколку Грција тактизира, треба да се изигра исто и од наша страна. Што значи тоа? Тоа значи дека ако попуштаме и на притисок од овој вид, тогаш сме спремни за поголеми отстапки. Притисокот ќе се прелее на наша страна. Од друга страна Грција се уште ништо не изгубила, но провоцирајќи и понатаму, светот ќе ја загуби толеранцијата и притсокот кон нив ќе се зголемува постатепено. Не сум партиски определен но сметам дека доколку опозицијата беше во иста ситуација, со амин ќе прифатеше се што беше понудено досега, а на авиончето кој знае што ќе пишување. поз. до редакцијата
Од: tayip abdula-turk(MK)
Датум: 22.04.2010 13:12:42
Celosno go podrzuvam komentarot na apelacioniot sud deka sporot so imeto treba da se resi vo megjunarodniot sud vo Hag. Sto se krie pozadi ovie politicki provokacii na Grcija?imali eden pameten politicar sto moze da mi odgovori na ovaa prasanje?Imali partija koja moze da nudi resenie okolu ovoj spor sto e izmislen od Grcija?Turskata multietnicka zaednica vo makedonija ne sakame da ziveeme nitu vo granicite na Golema Bugarila nitu Megalo elada(Severna republika makedonija) nitu vo planirana Golema Albanija nego vo denesna RM. ¨ I vo celost gi podrzuvame potezite i aktivnostite na denasnata vlada.Znam edno deka poveke nama vojni i promena na granici na Balkanot.Nasite sosedi treba da ucaat mnogu od RM,bidejki RM e zemja kadepravata demokratija e sprovedena na delo.

Најди! во Утрински
Втора страница
Сега е шанса да се притисне Грција
Вербатим
Прв случај, прв кикс
Нема уставни измени без Бадентер