Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Лажна бомба пред мисијата на Македонија во Виена

Мисијата на Република Македонија при ОБСЕ во Виена вчера околу пладне добила лажен анонимен телефонски повик за поставена експлозивна направа во возило паркирано пред зградата на претставништвото, соопшти Министерството за надворешни работи.

По добивањето на информацијата, според соопштението, вработените во мисијата ја информирале австриската полиција, која за кратко вре��е пристигнала и направила увид.

По детаљните проверки, стручните тимови констатирале дека станува збор за лажна дојава, по што дипломатско-конзуларното претставништво продолжило со работа, се наведува во соопштението на МНР.

Австриските органи за безбедност најавиле брзо расчистување на случајот. (MИA)


#
Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Обама аџамија
Двојните функционери во партиска редица за оставки?
Вербатим
„Достоинство“ се жали на притисоци