Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Двојните функционери во партиска редица за оставки?

Не е позната точната бројка, но се сеќавам дека во групи си поднесуваа оставки, тврди Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ

Светлана Унковска

На две недели пред истекот на рокот за откажување од двојните функции, што им го постави највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ, се' уште не се знае колку од функционерите и од кои фотелји се откажале. Од владејачката партија на Никола Груевски велат дека немаат прецизни податоци за тоа колкав е бројот на оние што се откажале од двојните функциите, но само знаат дека повеќето од нив веќе имаат поднесено оставки.

„Не е позната точната бројка, но се сеќ��вам дека во групи си поднесуваа оставки. Секако, очекувам дека до крајот на месецот ќе се заврши целиот процес“, кусо ни одговори Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Од коалицискиот партнер, ДУИ, се чини дека овој проблем го немаат, затоа што, како што ни изјави портпаролката на партијата, Ермира Мехмети, во нивните редови нема функционери кои седат на две столчиња.

Досега неколкумина функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ јавно се изјаснија дека ќе го почитуваат тоа што им го наложила партијата, иако претходно се оглушија на повикот на претседателот на Антикорупциската комисија, Илми Селами, да не го кршат законот со преземањето неколку функции одеднаш. Антикорупционерите, по враќањето од колективниот годишен одмор, ќе треба сериозно да се зафатат со овој проблем. Бидејќи со отворањето на прашањето околу двојните функции се отвори и дилемата во кои случаи и за кои функции може да се каже дека има судир на интереси. Како уште поголемо се наметнува и прашањето што во ниту еден закон не се предвидени санкции против ваквите појави на двојност на функциите.

Антикорупциската комисија, која, од една страна, е надлежна да го реши овој проблем, од друга страна, нема никакви законски мерки со кои би се казниле оние што не сакаат да го почитуваат законот. На првиот антикорупционер му останува само јавно со име и со презиме да го опомене функционерот, но натаму нема никакви овластувања, ниту да казнува ниту да изрече некаква забрана. Останува потоа или партијата, како што сега го направи тоа ВМРО-ДПМНЕ, или општинскиот совет да му наложи да се откаже од некоја од функциите.

Неодамнешните тврдења дека проблемот со двојните функции е поради колизијата на одредбите во неколку закони кои го уредуваат ова прашање, како што е Законот за спречување на корупцијата, за судир на надлежности, за локална самоуправа, како и на Изборниот законик, ги отфрла професорката по управно право Ана Павловска - Данева.

„Според мене, нема колизија на закони, бидејќи во сите нив од различни агли се уредува истата работа и во нив категорично се забранува еден функционер да има две јавни функции. Сега се поставува како проблем тоа што една иста материја се уредува со неколку закони и затоа мислам дека тоа треба да се систематизира и сето тоа да го одредува еден закон. Според тежината на законот, мислам дека тоа треба да биде уредено со Изборниот законик“, вели професорката Данева.

Иако од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се' уште јавно не обелоденуваат кои од нивните функционери ќе се откажат од дополнителната фотелја, сепак, оние што ја испочитуваа досега наредбата на матичната партија одбраа да ја напуштат советничката, но ниту еден од нив не стана од директорската фотелја. Август ќе биде последниот хонорар на функционерите од долгата листа на лица со конфликт на интереси.

Засега, од местото претседател на Советот на Општина Центар најави дека се откажува директорот на МЕПСО, Владимир Здравев. Директорот на Градска болница, Виктор Камиловски, треба да замине од првата фотелја во Советот на Општина Аеродром, како и директорот на Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, Владимир Бахчовановски, кој грчевито се држи за советничката функција во Центар. Неодамна, само од двојните функции се повлекоа неколку прилепски советници.


#
Статијата е прочитана 3750 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 17.08.2010 00:19:54
��амите „оставки“ не претставуваат ништо, се’ додека оние кои држеле две функции не ги вратат парите кои ги добивале како плата за функцијата од која сега се откажуваат. Но, треба и да одговараат кривично заради свесно и планско кршење на законот, и тие и партијата која ги поставила. Се’ друго е лицемерие и глумење партиска „чистота“. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: viki
Датум: 17.08.2010 00:36:29
Што ке прават во Преспа ?????????? Во преспа немаат двојни функции имаат по 4 -5 функции само неколку фамилии ја држат цела преспа и ја рушат. Д-р.Васко Мицевски-координатор на ВМРО ,со 4 функции Д-р Даринка Мицевска сопруга на координаторот ,директор во болницата Отесево ,советник во Општината,член на управен одбор во Македонски зелезници,и член на управен во Авио компанија. Д-р Ставревски Тоде(зет за сестра на координаторот)-гиниколог без ниеден пациент -поставен како општи доктор во с.Царев Двор кое е прогласено како ридско планинско место поради немање на пациенти како гинеколог ,преседател на ново формирано претпријатие за води Виолета Ставревска -сестра на координаторот -педагог во ОУ Мите Богоевски,и претседател на уцилисен одбор Ѓорги Ставревски -фнук на координаторот од сестра ,во општина во ресор Образование Зоран-фнук на координаторот од братучеда прва професор по физичка култура и се така усте има за редене испитајте ги сите работи Докога вака???????????????
Од: jug
Датум: 17.08.2010 01:00:15
Narodot ceka da vidi dali ovie se stvarno za narodot. Ekonomska prerodba vo sto cekori nema, stranski investivii (invest in macedonija) nema , ama partijski vrabotuvanja , partijski tenderi, partijski nevladini organizacii, dvojni a i trojni funkcii bogami si ima. Ostana malku vreme za popraven na aktuelnata vlada.Spored mene 24 casa rabota na vladata e malku za ona sto go ispustija da go nadoknadat.
Од: cicalche
Датум: 17.08.2010 01:28:07
Aman Felix, Dedo Dimo javete se! Pust i tazhen mi e zhivotot bez vas!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.08.2010 04:46:45
Уште есен доказ дека партијата е над законот.
Од: забеган.
Датум: 17.08.2010 07:28:59
Парите да ги врататтттттттттт.
Од: m.t
Датум: 17.08.2010 08:23:19
Samo vo Delcevo ,rakovoditelot na makedonski posti Toni Trajanovski,koj vo isto vreme e pretsedatel na sovetot na opstina Delcevo veli deka za nego ne vazi nisto naredbata na Grujo,i deka ako si dade ostavka nema da mozat so gradonacalnikot da teraat biznis..Grujo vi e ste na poteg.
Од: sneska
Датум: 17.08.2010 08:23:51
Она што законот не го забранува, срамот го забранува, ама овие нашиве до сега докажаа дека немаат ни срам ни перде. Да ги вратат парите што ги земале, тогаш ќе докажат дека имаат барем малку доблест. А да отворите на facebook ќе видите дека оние кои се откажаа од едната функција сметаат дека се народни херои, смејурија една, тешко нас со вакви, крлежи, крлежи, еден куп, цицаат ли цицаат се додека претаме.
Од: ДРАГИ „ВМРО-ИЛИНДЕН“
Датум: 17.08.2010 08:24:04
И во општина ИЛИНДЕН вистиската слика за владеењето на новокомпонираните „патриоти“ не ништо поинаква од другите општини во државата каде мнозинството го има „ ДПМНЕ-ОГРАБУВАМЕ“, овде со општината „владеат“ две фамилии ЧАДЛЕВЦИ И МАШНЕВЦИ СО БЛАГОСЛОВ НА ЖИКА И МАРЈАН МИЛОШЕВСКИ КОЈ Е ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ВО ЕЛЕМ И ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР ВО МЕПСО ИСТОВРЕМЕНО. СЕ ПРАШУВАМ КАКО УСПЕВА ДА ПОСТИГНЕ ДА СТАСА САМО НА СЕДНИЦИТЕ РЕДОВНО ДА ПРИСУСТВУВА ЗАТОА ШТО КАПАЦИТЕТОТ МУ Е ГОЛЕМА НУЛА, А ЗА ПРИМАЊАТА ШТО ГИ ОСТВАРУВА ДА НЕ ЗБОРУВАМ. ЗГОРА НА ТОА ТОЈ И НЕ Е ЖИТЕЛ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН, ТУКУ ЖИВЕЕ ВО ТРИАНГЛА ВО МАЏАРИ.
Од: VMRO Karpos
Датум: 17.08.2010 08:28:41
Jas ne im veruvam voopsto na ova VMRO, demek vo rwdici podnesuvale ostavki, kako ne, go prasuvam Ilija Dimovski, dali strucnjakot od zmiskoto oko i leacot na krokodilski solzi po funkcii od VMRO DPMNE Karpos Roberto Tosevski podnel ostavka i od koja funkcija, clen na Sovetot,direktor vo Makedonija soobrakjaj-naplatni rampi ili od clen na upraven odbor kako i direktorot na Detskata klinika Kozle i clen na sovetot na Opstinata Karpos Oliver Zafirovski. Kogo oni lazat kogo zamajuvaat, mozat ovie ovcite od SDSM i narodotb jaden no ne i nas.
Од: dr
Датум: 17.08.2010 08:52:42
Малку весела математика. 5 функции по (средна вредност) 800 евра 4000. 4000 по 12 месеца =48 000 48 000 за 4 години = 192 000 евра. Поздрав до верните следбеници качени во автобусите со два сендвича и сокче, следниот пат ќе ви дадат и свирче.
Од: PRILEPCANEC
Датум: 17.08.2010 09:33:24
во Прилеп петмина веќе се повлекоа од двојните функции,останаа уште двајца кои тврдоглаво не сакаат да ги остават вишокот функции,слатки се паричките,но мислам дека и тие ќе го направат логичниот чекор во наредниот период.
Од: читаател
Датум: 17.08.2010 09:43:09
па мислам поарно да ги оставија до крајот на мандатота да земаа плати па после да дадот оставки.Како не им е срам и овој рок е предолг кај толку години зимале по 2-3 плати уште ги молиме .Ова е срамно, убаво ввикаат не само да ги вратат фунцкиите туку и парите штио гизимале толку време.народот гладува а тие се однесуваат како да ницветаат рози, па после ќе кажуваат дека мислан на народот срамота, а за стечајците немаат да дадат по 100 евра месечно кои пари ги бараат да ги платат комуналите .навистина многу сравмно.
Од: Пинг
Датум: 17.08.2010 10:02:39
“Јас единствено го признавам судот на мојата партија..“. Најголемиот дел од граѓаните на Р. Македонија знаат чии се овие зборови. И после 20 години “слобода“ не сме се помрднале од место во однос на демократија. Институции на државата-ма кој ги шиша! Ама ПАРТИЈАТА кажа дека да се откажете од една функција-тоа е ЗАКОН над законите, поголем и од оние 10-те што Мојсие ги доби од бога. Ова е ужасно, и тоа е основа за недемократијата кај нас. Кој знае, можеби за деценија-две, ќе се смени нешто. Поздрав до сите Ваши и наши. Сите кои пишуваат коментари МНОГУ ги молам: пишувајте КИРИЛИЦА, инаку во моите очи сте неписмени.
Од: РОМПЛУС
Датум: 17.08.2010 11:17:07
Напуштањето односно давање на оставки од место на повеке функции на член��вите на ДПМНЕ, после четири години, и нее некоја вест за поздравување. Но за поздравување е идејата на Антикорупциска комисија да се справи со оваа аномалија во општеството е за секоја пофалба. Уште само Илија Димовски да не зборува само во туѓо име , туку како личен пример треба да напушти една од функциите : Пратеник или директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Од: petar pan
Датум: 17.08.2010 14:47:14
A g-icata Gordana Ivanovic nikoj ne ja spomenuva a siromaskata tri funkcii oddednas gi izvrsuva.

Најди! во Утрински
Втора страница
Обама аџамија
Вербатим
Лажна бомба пред мисијата на Македонија во Виена
„Достоинство“ се жали на притисоци