„Достоинство“ се жали на притисоци
„Првпат во својата кариера ќе се соочам со казна само поради тоа што му поднесов пријава на пријателот на командантот на Полициската станица во Кочани поради омаловажување и непочитување наредба и од тие причини ми се реваншираат“, тврди полицаецот Ѓорѓи Николовски, кој вчера беше на распит пред Дисциплинската комисија.
Членовите на комисијата на Николовски му забележале и поради тоа шт�� тој за целиот овој случај се пожалил пред медиумите. Тој вели дека единствениот начин како да се брани од постојаните притисоци, закани и понижувања од локалните моќници и функционери била сето тоа да го каже јавно.
Николовски е воен инвалид од 2001 година и член на здружението „Достоинство“ и досега не само што не бил ниту еднаш казнет туку постојано е одликуван за професионалност во работењето. За неколку години заминува во пензија и наместо со признанија, се соочува да биде испратен со казна. „Ова е уште еден обид да се изврши притисок врз членовите на ’Достоинство’“, изјави вчера претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов. (Св.У.) |