Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Обама аџамија

Димитар Чулев

Ја помирува ли Обама Америка со муслиманскиот свет? Или испадна аџамија (неискусен) за верските прашања во секуларна Америка?

Освежувачкиот ветер што го донесе новиот шеф на Белата Куќа со неговите ветувања и најави за п��влекување од Ирак и Авганистан, кој во речникот малку ја користи фразата „борба против тероризмот“ воведена од неговиот претходник, се заканува да се претвори во домашно политичко торнадо: Обама, најтипичен репрезент на мултикултурна, мултиконфесионална и расно измиксана Америка, им прошара по нервите на добар дел од конзервативците (и не само ним) со ноншалантно дадената согласност да се гради муслиманска џамија во близина на урнатите кули-близначки на Светскиот трговски центар и тоа токму од – исламски фундаменталисти.

Ваквиот изблик на толеранција, американската јавност не го сфати, туку го оцени потегот како непочитување на жртвите на терористичките напади во Њујорк од 9 септември. Опозициските Републиканци во лапсусот на Обама видоа одлична можност да го проблематизираат моралниот лик на претседателот, кого и така го обвинуваат за млитаво менаџирање на војните во Ирак и во Авганистан. Доколку успеат да го етикетираат како исламофил, есенските избори за Демократите се отсега изгубени, а Обама ќе владее со се' помал кредибилитет во втората половина од мандатот.

Услови за тоа има. Иако е христијанин, дури 32 отсто од Американците веруваат дека е муслиман, меѓу Републиканците 57 проценти сметаат дека има исламска вероисповест. Ако на ова се додадат и податоците дека 68 отсто анкетирани Американци се против изградба на муслимански објект вреден сто милиони со вградена џамија на Менхетен, станува јасно дека Обама – ја утнал.


#
Статијата е прочитана 1380 пати.

Испрати коментар

Од: od srtuga
Датум: 17.08.2010 02:19:45
господине обама не ја утнал со давањето дозвола за изградба на џамија затоа што и муслиманите во америка имаат право да се молат како и сите други религии кои имаат свои цркви и синангоги. Ова е најправилниот потег на обама па затоа аллах ѓе го награди него и неговото семејство во светиот месец рамазан,
Од: Jale
Датум: 17.08.2010 06:25:38
Da spored tebe g.Culev ja utnal.Ne znam sto profesija imas ali gledam deka nemas opsirno poznavanje na rabotite.Amerika zatoa e Golema,bideki znaat sto e kompromis.Neka nauci premierot sto znaci da bides lider na edna drzava a ne samo na eden etnikum.IVZ gi bara svoite VAKUFI vo Makedonija i ne moze da gi dobie.Poradi ova Makedonija e edna MALA bezznacajna drzava.
Од: Od Aristid
Датум: 17.08.2010 06:26:17
Обама ја исполнува желбата на оние што ги срушиа двете кули, тие се со исламска ориентација. Американскиот симбол ете го заменува со исламскиот. Можеби и муслиманите ке бидат со тоа задоволни наместо трговски да постои муслимански центар со нова убава џамија, која можеби ке го носи имсто Барак Обама.
Од: krste
Датум: 17.08.2010 07:10:13
Обама се занесува во еднаквоста и ширината на Америка... само ја утнал работата..... нека погледне како работат муслиманите, тие се исклучиви и нетолерантни, нека погледне што прават на Косово, градат џамии ама црквите и гробиштата христијански ги уништуваат од корен..... нека ги посети пријателите Тачи, Харадинај и тие нека му ги презентираат своите успеси во Независно Косово......
Од: vesna
Датум: 17.08.2010 07:37:55
I ova odi vo liberalen, levo-orientiran vesnik! Ni bog ni alah ne mozat da ne docuvaat, tolku radikalno sme netolerantni kon islamot. Sram mi e sto go procitav tekstov vo vesnik sto go pocituvav. Nemam zborovi.
Од: Barack Obama IS Osama Bin Laden - проверете на youtube
Датум: 17.08.2010 07:47:19
Да изградиш џамија кај “ground zero“ е како да тестираш атомски бомби во Хирошима.
Од: Djihad
Датум: 17.08.2010 08:38:10
Ova e zacuduvacko diletantski politicki potez na Obama. na ovaj nacin toj samo im dade materijal na konzervativcite , koi i onaka voopsto ne go mirisaa.esenskite izbori za demokratite se vece izgubeni.
Од: isa
Датум: 17.08.2010 09:56:53
Druze (da ne sakas slucajno da mu stanes sovetnik... ), daj pisi nesto za Makedonija, za nasite problemi... ostavi go Obama, tie (mislam na partiite) kolku i da se karat - si imat svoi nacrtani interesi i gledad mnogu po daleko od tebe.
Од: Вано
Датум: 17.08.2010 10:40:57
Зошто го критикуваме Обама??? Зошто постапил споритвно на волјата на мнозинството - па Обама не е популист којшто ја детерминира секоја своја политичка одлука според резултатите од анкетите - тој е лидер којшто има сила и храброст да донесе тешки и непопуларни одлуки за општото добро - тоа треба да го научи нашиот популист. А кое е општото добро - па верска толеранција!!!! Нападите од 11 Септември ги направија терористи, а не муслимани - тоа е пораката на Обама, да не се негува омраза спрема цела религиозна група - ТОА Е ЛИДЕР!!! РЕЈТИНГОТ НЕ Е НАЈВ��ЖЕН АЛООООО!!!
Од: nada
Датум: 17.08.2010 11:15:58
Do aftorot na tekstot: Ako namerata vi bese da ja podgreete verskata netolerantnost na nasite prostori vo vreme koga meguetnickite odnosi ne ni se na zavodno nivo, uspeavte napolno! za zal! Osven eden intelegenten i human komentar na Vesna, seto drugo e polno so netrpenie i omraza. Ogledalo na nasata stvarnost!
Од: Сеирџија
Датум: 17.08.2010 13:22:52
Некој од некого учи - Обама од Грујо или обратно. Прашање е само кој одлучува ОбамаГрујо или народот т.е. граѓаните. Ете Американците си го кажаа своето и сигурно дека Обама ќе ги послуша за разлика од нашиот трврдоглавец кој никого не шмиргла па затоа нашата тупоглава половина (прашање е дали е и четвртина) од општетсвото упорно ќе му оди по ќефот и ќе му се радува на рејтингот (како само од рејтинг да се живее). Терај Македонијо, на „убав пат си“.

Најди! во Утрински
Втора страница
Двојните функционери во партиска редица за оставки?
Вербатим
Лажна бомба пред мисијата на Македонија во Виена
„Достоинство“ се жали на притисоци