Судењето за убиството кај ПМФ вчера беше одложено, најверојатно, поради смена на судијата што ќе го води случајот. Како што неофицијално дознаваме, место досегашната судијка Марија Клетничка, сега судскиот процес ќе го води поранешната претседателка на Основниот суд Скопје 1, судијката Добрила Кацарска. Судијата кој постапуваше во овој предмет од вчера е прераспореден на нова должност, па вчерашното рочиште беше во функција на утврдување нов термин за судење за четворицата обвинети за убиството на Африм Арифи (39), припадник на полицискиот тим „Алфи“, во ноември минатата година. Во судницата на судската палата вчера беа спроведени тројца од четворицата обвинети, бидејќи обвинетиот Алмир Дрпљанин (30) и натаму е недостапен. (Љ.С.)