„Детергент“ уништи триесет милиони долари испрани пари
Притворен црногорски бизнисмен, кој во Скопје перел пари валкани пари од странски земји
Одделот за организиран криминал, Управата за спречување перење пари и Финансиската полиција открија голем случај на перење пари, преку кој биле испрани најмалку 30 милиони американски долари. Црногорскиот бизнисмен, кој бил задолжен за нелегалниот бизнис, завчеравечер е уапсен на преминот Блаце при обид да избега од земјава. Истражен судија веќе му одреди едномесечен притвор.
Акцијата „Детергент“ откри дека Борко М. (29) од Црна Гора, сопственик на фирмата „Капитал конзерватор“ од Скопје и истовремено овластено лице на повеќе нерезидентни сметки отворени од неколку фирми од Нов Зеланд во една скопска банка, во периодот од 2007 до 2009 година, на сметките на овие правни лица примил прилив на парични средства во износ од околу 30 милиони американски долари, иако точниот износ не може да се констатира со оглед дека трансферите се одвивале во различни валути и временски периоди кои доаѓале од Панама, Уругвај, Швајцарија и друго.
„Средствата што биле примени на сметките, по одреден временски период на чување по налог на сопствениците, ги трансферирал на други сметки во различни држави, без притоа да се изготвува и води соодветна финансиска документација“, велат од МВР.
Сомневањата дека паричните средства што пристигаат на нерезидентни сметки потекнуваат од кривично дело, биле потврдени и со допис од Комисијата за хартии на вредност на САД, во кој е констатирано дека на сметките на странските фирми во скопската банка пристигнувале пари, кои потекнувале од измама на инвеститори во САД.
Во полицијата велат дека Борко М. ја користел и својата фирма во Скопје за перење пари, така што при последната трансакција се обидел да извади пари и да ги префрли во Швајцарија, наводно, за набавка на челик, при што во банката приложил профактура од швајцарска компанија, потпишана од странски државјанин, за кого постојат основани сомненија дека бил поврзан во нелегалниот бизнис со осомничениот. (Г.А.)
ako e samo crnogorecot i toj neka nee gi ima iljadnici od samoostaluvanjeto do denes posebno vo vremeto na sdeseto.
Од: Petre
Датум: 03.09.2009 03:03:20
Затоа банките треба интерно спроведуваат истраги за сомнителни сметки. Негативен публицитет ќе се создаде на Стопанска банка. Од поголемите банки во Македонија, само Тутунска банка остана без скандал со перење пари.
Од: janko
Датум: 03.09.2009 09:05:27
A da "udrat" eden detergent i vo samoto MVR. Deset dena vo "Dnevnik" na naslovna pisuvaat kako vo MVR se perat pari preku nabavka na maici, panciri, kapi, amblemi, pa istata taa firma go "ukrasuvala" Skopje, pa istata taa firma signalizacija postavuvala vo Gazi Baba, pa istata taa firma Ministerstvata gi "snabduvala", znaci nekoj pred nosot na MVR pere pari i krade budzet, tie se fatile ovde za nekoj Crnogorec koj baj da vej gi iskral Amerikancite a ne nas. SMESNO a i ZALNO.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 03.09.2009 11:04:10
Не, бееее.... Па ова го има само у Грција! Не-лиии?!
Од: Davor A. do milko
Датум: 03.09.2009 14:03:10
Milko ne tresi, te molam, sdsm za 12 godini imase eden mocan TAT, sto lugjeto sami si bea krivi!! Ebate bitolcanite, sakaat doma da sedat i da im se mnozat pari! Kaj go ima toa kazete mi? VOOPSTO ne go obvinuvam ni Branko, ni Sonja!!! SAMI si bea bitolcani glupi i taka im treba!! Znaci, sdsm imase samo eden TAT, a ovie samo za poslednive dva meseci videte kolku kriminal imaat vo svoite redovi!!! SVESTETE SE LUGJEEEEE!!!!