Хрват загина во сообраќајка во Дојран
Хрватскиот државјанин Фрањо Хорватиќ (66) го изгуби животот во сообраќајна незгода што во вторникот, околу 17,20 часот, се случи на улица „Маршал Тито“ во Нов Дојран. Според МВР, несреќата се случила кога загрепчанецот, управувајќи „фолксваген пасат“ со германски регистарски таблички, од непознати причини удрил во бандера, при што се здобил со смртоносни повреди. Полицијата изврши увид и ги истражува причините за несреќата.
Хорватиќ со сопругата, која потекнува од Дојран, бил на годишен одмор на Дојранското Езеро. (Г.А.)
|