Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Руската претстава „Господин Кармен“ победник на МОТ

Наградата се состои од плакета и понуда за копродукција со МОТ

Претставата „Господин Кармен“ на театарот „Акхе“ од Русија, во режија на Јана Марковна-Тумина, а во изведба на извонредните Максим Исаев и Павел Шемченко е победник на годинешното, 33-то издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ.

„Претставата ’Господин Кармен’ од Русија, низ еден невербален перформанс, преполн со театарски знаци и симболи донесе едно ново читање на одредена сценска тематика, а со својот режиски пристап понуди свежо и врвно визуелно доживување кое како театарски сензибилитет и е близок на широката меѓународна театарска публика. Дејствието што го носат само двајца актери е затворено во еден мал и ограничен простор, каде на сосема необичен и оригинален начин тие ги толкуваат емотивните состојби, копнежи и страдања на ликовите од операта на Бизе, прикажувајќи ја на тој начин вечната човекова преокупација - љубовта. Претставата ’Господин Кармен’ преку специфичното читање на текстот и контемплативната, органска инсценација, градена како мешавина меѓу куклениот театар и перформансот, ги долови микросветовите на двата лика. Затоа таа најмногу кореспондираше со мотото на годинашниот МОТ: Мојот мал свет!“, се вели во образложението на жири-комисијата во состав: Лилјана Митевска, Сотир Трајков и Даниела Стојановиќ.

Наградата се состои од плакета и понуда за копродукција со МОТ, при што една од клучните заложби е вклученост на македонски театарски уметници во заедничкиот проект. Висината на финансиските средства со кои МОТ ќе учествува во копродукцијата ќе биде 20.000 евра.

За наградата за најдобра претстава од странска продукција на овогодишното издание на МОТ, кој се одржа од 18 до 27 септември, конкурираа осум претстави, од кои покрај победничката претстава од Русија, по својот особен сензибилитет и естетика се издвоија и чешката претстава „Sclavi: Песната на емигрантот“, како и словенечката „Вива Верди“. (Л.М.)


Статијата е прочитана 112 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
На „Бела ноќ“ и водата „гореше“
Конференција „Машина за преименување“
Откако го испушти од раце, Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд