Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад


Претседателот на Советот на фестивалот, Роберт Насков, му ја врачи специјалната награда „Камера 300“ на израелскиот продуцент Менахем Голан за особен придонес во светската кинематографија

На отворањето, градоначалникот Талески порача целата програма да се врати во градот-домаќин

Битола - „Браќата Манаки филмската камера 300 - „биоскоп“ ја донеле од светот во Битола, и еве триесеттина години таа од тука заминува во светот. Тоа е историја, култура, традиција. Тоа е концепт. Но, заминување на „Камера 300“ од Скопје кон светот, не е култура, не е концепт, не е традиција“.

Ова е пораката што битолскиот градоначалник, Владимир Талески завчера вечер, на свеченото отворање на ИФФК,,Браќа Манаки“ во Битола, ја упати до организаторот на манифестацијата, Здружението на филмските работници на Македонија, кои годинава за прв пат одлучија дел од програмата да се реализира паралелно и во Скопје. Говорот на Талески предизвика силни реакции кај публиката и долготрајни аплаузи. Градоначалникот, правејќи ретроспектива на почетоците и патот на првата камера на Балканот, што браќата Јанаки и Милтон Манаки ја донеле во Битола, на организаторите им порача, целата програма на фестивалот да ја вратат во градот домаќин.

„Денес кога Македонија се бори за влез во НАТО и ЕУ, можеме да чуеме дека се ќе прифатиме, но не она што го нарушува нашиот идентитет. Јас разбирам дека филмските форми насекаде во светот се во криза и дека професионалците наоѓаат начин да ја надминат кризата, па така и нашите организатори кои имаа максимално топла поддршка од градот и Министерството за култура, ни понудија концепт, фестивалот да биде и тука и во Скопје. Да ги охрабриме младите организатори и да им дадеме уште една шанса. Но, да ја почитуваме нашата култура и целата програма да ја вратите во Битола. Градот ви стои на располагање“, рече Талески. Тој во својот говор не го заобиколи ниту покровителот на фестивалот, претседателот Бранко Црвенковски, кому му се обрати со следните зборови: „Би сакал да замолам, заради овие ентузијасти, заради историјата, културата и традицијата, вашиот коктел на затворањето повторно да биде во Битола. Победниците да ги прогласиме од Битола“. Говорот ги изненади организаторите, но и дел од гостите.

Поранешниот југословенски режисер Вељко Булаиќ, кој имаше задача фестивалот да го прогласи за отворен, се обиде ја амортизира атмосферата во салата. „Сигурно во овие 28 години беше тешко да се зачува реномето на фестивалот, кој заживеа не само во Македонија, туку насекаде во светот. Сигурно Битола направи многу, оваа манифестација да успее и денеска да има авторитет меѓу нас филмаџиите. Веруваме дека дирекцијата на фестивалот, градот Битола, но и Скопје, ќе направат чекор напред да се сочува угледот на оваа манифестација. Сите очекуваме овој фестивал да продолжи во вистинското светло“, истакна Булаиќ.


Со испишани пароли „Си го заборавивте споменикот“, „Манаки и во Конопиште“, „Зајмувам фестивал и на други градови“, група млади го изразија својот револт кон организаторите на фестивалот и кон градските власти

И за годинешниот добитник на Специјалната награда „Камера 300“, израелскиот продуцент Менахем Голан, концептот на фестивалот да се одржува во два големи града, беше нешто ново, и како што рече, досега не видено. ,,Ова е прв пат, и за мене да сретнам фестивал кој е поделен меѓу два поголеми града. Ова не е честа практика. Се надевам дека ќе успее“, изјави тој.

Директорот на фестивалот Томи Салковски, иако не се сретна со медиумите на свеченото отворање, во интервјуата за локалните телевизии призна дека до крајот на објавувањето на програмата, на градот домаќин му ја открил намерата за новиот концепт на фестивалот, но не и дека затворањето треба да биде во Скопје. И повторно нагласи дека Битола нема можности за усовршување на оваа манифестација. „Се чудам зошто градот, само два дена пред отворањето се заинтересира за фестивалот .Навреме ја информиравме општината дека во Битола нема доволно кино сали, опрема и сместувачки капацитети за новиот концепт, но ништо не се случи. Точно е дека не им кажавме дека затворањето и прогласувањето на победниците ќе биде во Скопје, меѓутоа програмата стигна десеттина дена пред почетокот на фестивалот “, рече Салковски. Инаку, организаторот на „Браќа Манаки“ за прв пат нема простор за канцеларија на фестивалот во Центарот за култура, па екипата е сместена во фоајето на театарот.

За цело време додека траеше свеченото отворање на фестивалот, група млади битолчани кои себеси се нарекоа филмофили, со впечатливи пароли мирно протестираа пред вратите на Центарот за култура во Битола.

„Си го заборавивте споменикот“, „Манаки и во Конопиште“, „Позајмувам фестивал и на други градови“, со овие пароли сакаме да го искажеме нашиот револт кон организаторите на фестивалот, но и кон градот кој не направи ништо, оваа манифестација целосно да остане во Битола. Општината требаше порано да реагира и целата организација да биде од овде. Не е само Скопје град во Македонија. На Битола и е потребен еден ваков фестивал. Редно време е и во другите градови нешто да се случува“, изјавија тие, негирајќи дека се политички мотивирани.

Од специјалните гости на фестивалот, на црвениот тепих во Битола единствено зачекорија Вељко Булаиќ и Менахем Голан. Салата во Центарот за култура неочекувано, за разлика од другите години, имаше стотина празни места. Фестивалот беше отворен со проекција на британскиот филм „Другата Болејн сестра“. Претседателот на Советот на фестивалот Роберт Насков, му ја врачи Специјалната награда „Камера 300“ на Голан, за особен придонес во светската кинематографија.

,,Со сите добри вести, понекогаш одат и лоши, за жал. Синоќа почина Пол Њумен, една од најголемите ѕвезди на филмското платно. Сакав да ги пренесам тие вести“, им се обрати кусо Менахем Голан на присутните.

Долгогодишниот селектор на фестивалот Благоја Куновски, не сакаше да ги коментира најавите на битолскиот градоначалник Талевски, дека до година фестивалот ќе премине во рацете на општината, а селектирањето на филмовите ќе им биде понудено на нови лица. Како и тоа, дека би можел и тој да биде заменет со рускиот филмаџија Никита Михалков.„Јас би влегол со позитивна енергија во целата оваа приказна“, рече Куновски, додавајќи дека има одговорност само околу програмата, каталогот да пишува портрети за лауреатите и да донесе гости.

,,Годинава имаме 13 долгометражни документарни филмови, одлична студентска програма, краткометражна, многу придружни проекции во чест на нашите лауреати. Ова е празник за Македонија“, потенцираше Куновски.

Подвоеноста меѓу организаторите и домаќинот на фестивалот, се почуствува и на свечениот коктел, кој градоначалникот го организираше во хотелот Епинал. И покровителот на фестивалот, претседателот Црвенковски и градоначалникот Талевски, иако беа на чекор еден до друг, беа секој во друштво на своите сопартијци. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1065 пати.

Испрати коментар

Од: манаки
Датум: 29.09.2008 00:21:49
Срамота за Македонија , но за среќа последен пат г-дин салковски го организира фестивалот. Доста беше сељаци да организираат фестивал во центарот на мекедонскта култура. Догодина целата организација ќе ја преземе Битола, а Скопје нека се обиде да го заживее Скопски фестивал, кој никако да стекне реноме, а и нешто нема посебен интерес за него... Па си помислија господата ако го преземат фестивалот Браќа Манаки ќе добие и Скопје фестивал со реноме. Е, глупоста нивна е навистина неуништлива.
Од: Avram
Датум: 29.09.2008 01:11:37
Clen sum na VMRO, no ova sto go napravi Ministerstvoto za kultura (Vladata) so festivalot Manaki, ne odi! Sramota e! Opravduvanja sekogas kje se najdat, no vistinski pricini nema. Se' sto se saka, se moze. Ako navistina lokalnata i centralnata vlast sakale festivalot da ostane vo Bitola, kje ostanel. Kje se najdele i pari i nacin za sorabotka... Aman vekje od toa Skopje, se' tamu prefrilija. Stom e taka, neka gi zemat i Struskite veceri na Poezijata (vekje se obidoa), i Makfest, i Vojdan Cerdnodrinski i RAcinovite Srebi, ta duri i Istibanskoto Zdravo-zivo, neka gi odnesat vo Skopje. Se' neka bide vo Skopje. Sto im treba kultura na "provincijacite"!
Од: aleksandar
Датум: 29.09.2008 01:23:19
Срамота. Засрамете се крадци на фестивалот. Не е потребно ништо повеќе да се каже. Оној што сака нека верува на наивните сладоречивости на „организаторите“, и нека ги проширува техничките аспекти на фестивалот заедно со нив.. Инаку, канцеларија во фоајето на театарот не постои. Акредитираните новинари што требаше да го покриваат фестивалот во Битола, исто така не добија акредитации. Тука нема ниту еден човек од органзацијата на фестивалот. Во Битола нема фестивал. Или доколку е на духови, тогаш можеби грешам. Има ревија на филмови и едно куче што цело време спие на црвениот тепих, засолнувајќи се од дождот.
Од: Zoran Grozdanovski
Датум: 29.09.2008 09:07:31
Арно велат Охриѓани: Ова скопјанишчава да можат езерото со лајче ќе ги испиет! Абе како не ви е срам ѓубрина едни. Што остана сега, Пелистер да го пренесете во Скопје? Што и да правите културата и традицијата на Битола нема да ја достигнете и по илјада години! Неможиш од 600,000 жители-550,000 доселени да правиш традиција. Негувајте си ја традицијата таму од каде што сте дојдени не во Скопје. Скопје нема традиција. Ви требаат илјадници години а време нема за толку. Традицијата е веќе запишана!
Од: struzanka
Датум: 29.09.2008 11:05:51
Preku glava ni e na site od toa Skopje pa Skopje. Vladata neka razmisli malku. Ne e samo Skopje Makedonija pa se da se koncentrira vo nego. Eden den sami ke se zagusat vo nego pa ke baraat da ziveat vo provincija.Se zivo ispokradea:Struski veceri na poezijata,festival na pivoto trebalo sega i kaj niv-da ne ostanat pokuso,pa festivalot Manaki. A da ne zboruvam za ekonomijata.Zarem ne treba i vo provincii da se otvorat novi rabotni mesta za da zivee narodot? SRAMOTA.
Од: bitola
Датум: 29.09.2008 11:27:54
vo pravo e nasiot gradonacalnik, ova e sramota, kako ne im e sram na gospodinot branko crvenkovski i gospodinot tomi salkovski... da zhivee festivalot brakja manaki - bitola!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Nino
Датум: 29.09.2008 12:38:17
Bev na otvaranjeto na revijata,go slusav govorot na gradonacalnikot i se soglasuvam so se sto kaza.Megutoa,se prasuvam zosto (koga veke se znaese 10 dena predhodno),ne se prezemeni nikakvi merki od negova strana.Da sakase iskreno da se spreci ova,zaedno so ministerkata ke se potrudea da go zadrzat festivalot vo Bitola.Sega gledam deka govorot na otvaranjeto bil prenasocuvanje na odgovornosta kaj drugi.Sramota!
Од: Stefan
Датум: 29.09.2008 13:02:10
Има дел од програмата и во Скопје и сега некој прави чудо од тоа реакциве не да не ми се логични. Вакви работи ја прават Македонија да изгледа како трето класна европска провинција. Имало неколу проекции и во Скопје големото чудио :-?
Од: skopjanka
Датум: 29.09.2008 14:50:03
Apsolutno neispravno e premestuvanjeto na festivalot! Ostavete gi drugite gradovi da ziveat i da se razvivaat! Vo sekoj grad vo Makedonija treba da ima po nekoe slucuvanje.
Од: od mene
Датум: 29.09.2008 14:59:57
posle se lutime oti grcite ne vikaat skopje...
Од: lile
Датум: 29.09.2008 16:21:03
liceto talevski ska nisto da ne napravi, zanisto da nebide odgovoren a potoa drugite mu se krivi.sramota
Од: Dragan
Датум: 29.09.2008 16:31:21
Kako star skopjanec zgrozen sum od celata ovaa situacija. Vratete go nazad festivalot vo Bitola kade sto pripaga. Skopje ne zasluzil so nisto da go ima ovoj festival!
Од: a.grozdanovski
Датум: 29.09.2008 19:20:21
kade e sega tradicijata i sto znam vekje borbata za zashtita na nasite kulturni vrednosti, koga si go unishtuvame samoto jadro?!?! sekoja chest gospoda!
Од: nikola - bitola
Датум: 29.09.2008 23:09:40
нема смисла веке ова ! Не знам што сакате да постигнете со овие постапки! Прво вратете контролата врз пола ваша градска територија на која се веат знамиња на туѓа држава. Одејки на работа во некој момент се прашвам дали сум во мкд или во некоја околна држава. Со крадење на туѓи фестивали и уништување на останатите градови ја уништувате и државата. Ама вие не гледате така на то. "Прогресивни" сте, не сте како нас битолчани - заостанати. Ако има војна ние одиме да се бориме, ако треба да се докажи патриотизам секогаш сме тука. Ако треба да се бодри репрезентацијата пак сме најжестоки. Треба да се засрамите и да се вратите во реалноста. Вистина е дека сте финансиски подобри од остатокот на државата ама не значи то дека треба за се да ве боли уво. поздрав од битолчанец на привремена работа во т.н. главен град!
Од: Пал-Маг-Лин
Датум: 30.09.2008 09:55:58
Да се надеваме дека валканите бизнис-игри на Директорот на Фестивалот и неговиот Темен Ментор - сегашниот Покровител на ИФФК БРАЌА МАНАКИ - заедно со нивната мафијашка бизнис-тајфа, се при крај, и да се надеваме дека Фестивалот догодина ќе заживее како некогаш - во својот полн сјај, под заедничка Организација на Министерството за култура, Општина Битола, Кинотеката на Македонија, и Друштвото на филмските работници на Македонија, ако ова последново успее да се реорганизира во ВИСТИНСКО друШтво на филмсите работници!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
На „Бела ноќ“ и водата „гореше“
Конференција „Машина за преименување“
Руската претстава „Господин Кармен“ победник на МОТ
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд