Среќата како мерило за економскиот раст
Париз - Францускиот претседател Никола Саркози се заложи за измени во начинот на мерење на економскиот раст, кои подразбираат воведување на показателот среќа во мерењето. Претседателот на Франција, земја позната по добрите вина и сирењето, како и долгите одмори, побара од двајца добитници на Нобеловата награда да испитаат нови начини за мерење на економскиот напредок. (МИА) |