Во ноември нов тендер за ЕМО
Охрид – „Реномирана консултантска куќа наскоро ќе изготви процена и проект за реструктурирање на охридскиот загубар ЕМО, по што во ноември годинава ќе биде распишан тендер за негова продажба со намалени критериуми“, изјави пратеникот во македонското Собрание, Александар Николоски. Според него, единствен критериум за идниот сопственик ќе биде исполнување на обврската да ги задржи на работа сите вработени најмалку пет години од продажбата. Николоски смета дека се реални шансите ЕМО до крајот на годината да биде продаден. „Владата е цврсто решена поскоро да се изнајде купувач за загубарот, за што пројавила интерес светски позната компанија, така што како реална е посочена можноста разврската околу ЕМО да биде позната до крајот на тековната година“, истакна Николоски и оцени дека продажбата на ЕМО сега е олеснета, бидејќи државата поседува повеќе од половината од акциите на компанијата. (МИА)
|