Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

СРД: ВАЦ не го крши Законот за радиодифузија

Телевизискиот канал Визион плус е регистриран во Албанија и се реемитува преку операторите како и другите странски канали

Советот за радиодифузија потврди дека медиумската групација ВАЦ во Македонија не емитува телевизиска програма на територијата на нашата земја. Советот ја донесе ваквата одлука откако деновиве весникот „Шпиц“ излезе со обвиненија дека ВАЦ, покрај издавање на весниците „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“, емитува и телевизиска програма преку телевизиската мрежа Визион плус. Во одговорот на СРД е наведено дека телевизискиот канал Визион плус од Албанија на кој се повикува весникот „Шпиц“, се реемитува преку операторите на јавните комуникациски мрежи исто како и другите странски канали.

„Ова значи дека не е прекршена ниту една одредба од Законот за радиодифузна дејност што се однесува на недозволена медиумска концентрација. Одредбите од македонскиот Закон за радиодифузна дејност се однесуваат на сопственичката поврзаност единствено меѓу субјекти што се под јурисдикција на Република Македонија. Телевизискиот канал Визион плус е правно лице регистрирано во Албанија и подлежи на регулација согласно со албанските закони“, се наведува во соопштението на СРД. Оттаму потсетуваат дека македонските компании можат да се рекламираат и на странските канали, без разлика дали тие се реемитуваат во Македонија или не, согласно со нивните маркетиншки стратегии.


#
Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Ќотекот и рајот
Скопје игра по грчки ноти
Вербатим
Хилари не ја споменала Македонија во Брисел
„Херитиџ“ бара САД да притисне за Македонија






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy