Шеќеринска тврди дека заедничка позиција на власта и на опозицијата за името веќе не е можна
„Заедничка позиција на власта и на опозицијата околу спорот за името со Грција сега е невозможна“, изјави вчера Радмила Шеќеринска во дебатата на Граѓани за европска Македонија. Според неа, Владата не сака да го решава спорот, бидејќи само ваква, без алтернатива и замолчена Македонија, може да им гарантира успех на изборите.
„Во почетокот изгледаше дека антиквизацијата е само за внатрешна употреба и не бевме свесни колку ќе не' издевалвира во светот“, изјави таа додавајќи дека најмногу од се' загрижува американскиот молк околу Македонија, кој е полош и од евентуална американска критика. „Што да кажат, а што не кажале досега? И кој ќе ги чуе? Топката е во наши нозе и тие чекаат да дадеме гол, а ние седиме на трибините и само чекаме“, оцени таа.
Според неа, ако власта чека на одлуката на Хашкиот суд, ништо нема ��а се случи и во наредните 12 месеци, а ако одлуката е неповолна за Македонија, таа емоционална состојба ќе се искористи да се оди веднаш на избори, како што се случи по самитот на НАТО во Букурешт. Чекаме НАТО да го смени консензусот, ЕУ да се распадне, Грција да пропадне поради кризата, но реалноста е дека пропаѓа само Македонија“, изјави таа, додавајќи дека со ваквата политика Македонија игра по грчки ноти, а тоа не е патриотизам.
Прашана што и' дава кредибилитет да зборува за името кога самата на своето презиме Шеќеринска го додаде Јанковска, таа одговори дека сама си ја донела таквата одлука и дека со таа додавка не се чувствува помалку Шеќеринска отколку пред тоа. „Зборувате за победа околу името, за патриотизам. Има многу војсководци за таа битка, но ако се свртите, ќе видите дека нема војници што ќе ја водат“, реплицираше таа, додавајќи дека многу сме јаки кога се бориме за името на Интернет, дома и со пријатели на кафе, но кога треба вистински ангажман, ништо не се случува. Како илустрација таа посочи дека дури и меѓу парламентарците нема повеќе од тројца што можат да ги кажат деталите од последниот предлог на Метју Нимиц и дека целиот спор се следи на импровизаторски и наивен начин.
Околу феноменот со анкетите, како главен аргумент за непопустливоста за името, таа оцени дека со нив не се опипува пулсот, туку се диктира и иако на моменти се чини дека нешто турбо се случува околу спорот, Македонија само стои турбо. На критиката дека 16 години таа и другите политичари кажуваат исти работи и дека не и' држат забелешките дека Македонија е сиромашна бидејќи политичарите не се сиромашни, Шеќеринска одговори дека ваквото гледање на политиката ги држи во катанци, па го повика учесникот во дебатата да не чека и да се вклучи во менување на работите.
„И да не менувате на шест часа, исто ќе биде ако продолжиме со чекањето“, одговори таа, а на забелешката зошто СДСМ чекаше исто така и не го решаваше спорот, одговори: „Зашто тогаш можевме да си го дозволиме тоа. Сега не е можно“. (Н.Р.)
Единствено точно од оваа опсервација е тоа да власта и опозицијата се диаметрално спротивни визави проблемот со името,се друго е политичка ескиважа за нестореното во минатото.Лицемерно е некој да бара нешто дури инсистира а не сработил ништо проблемот да се олесни Дури сега имаме опозициско ,,олеснување,,само на соседот,со прифаќање на идеата ерга омнес,што за нас останатите значи унередување.
Од: sv dimitrija
Датум: 16.10.2010 14:20:17
Starite rekle dolga kosa kusa pamer odnosno razum.Izgleda, damava ne mozi da svati deka posle 2500 godini ,i poveke od sigurno 2 000 000 zivoti izgubeni za nashata Makedonija. sakaat da ne unistat i da ne nateraat sami da se samounistime,a lugevo od SDSM toa go podrzuvaat.Edno trba da svatat deka bez imeto Makedonija i Makedonski ,nie sme nikoj i nishto .A ovaj pat ne mozime za nikoj nisto da rechime ako si go turnime sandukot sami.Makedonskiot narod ( mnozinstvoto ) ne sakaat nikakva promena na imetoa vie kako izbrani predstanici od Makedonskiot narod trba da gi branite interesite na narodot a ne vashite interesi.I nikoj ne vi dade pravo da nasednuvate na Grchki stap i prifatite da se zbotuva za imeto.
Од: Феличита
Датум: 16.10.2010 15:15:10
Нашиот Калимеро не може без плачење.Пак е виновен некој друг што не ја завршил работата.Среќко.се ви беше изџвакано,но вие се унередивте,сакајќи вие да бидете Грци место Грците!
Од: zoki
Датум: 16.10.2010 16:42:05
Feliks i polesno se brise.Dali se uste mislis so svoite komentari da gi izbrises glupostite na ovaa vlast.Apsolutno e tocno deka aktuelnata vlast nemala, nema i ke nema resenie za imeto,tuku samo kupuva vreme kako bi ostanala na vlast podolgo.Toa go ososznavaat se poveke gragjani.Vreme e za promena.
Од: јас
Датум: 16.10.2010 20:14:44
Среќко , ако Шеќеринска не сработила за Македонија за влез во ЕУ, тогаш сигурно повеќе „сработи “ твојот „такашчо“ и неговиот ( и твојот ) овчар !!! Сработија така што не ’ избрукаа пред цел свет со нивните детски глупости за потекло на државата од пред 20-30 века , дека името било од праисторијата и слични глупости ..Сето ова беше направено да се тргне Македонија од вистинскиот пат ,а со цел земјава да остане темен вилает , каде овчарот и фамилијата ќе прават што сакаат, ќе грабаат колку што сакаат ,а портокалите како тебе и компанија слепо ќе веруваат, пишувајќи глупи , оправдувачки коментари.Не ми е криво што кога ќе заврши целиов овој циркус ., а ќе заврши за брзо , вие, портокаловата боранија ќе останете со прстот в уста, криво ми е што земјава е вратена назад за 50-100 години !!! И секој што ќе дојде после овчарот , ќе му требаат барем 2 мандати да ги исправи сите глупости кои портокаливе ги направија...
Од: Тrpe
Датум: 16.10.2010 21:12:14
Луѓе стварно незнам што и е на ови мегафончиња на власт кој само чекаат да се покажат колку се големи македонци. Зарем не живееме во иста држава и не ги чустуваме подеднакво проблемите на наште граѓани. Зарем не осеќате дека секоја година се сме по сиромашни, се изнаоѓаат милион начини како да се земе денарот од обичниот смртник за да се платат владините кодошчиња. Која е нашта алтернатива, ако не ЕУ. Можеби ја не го гледам исто проблемот како големите макединци, ама народот веќе нема што да јаде.
Целосна подршка на Шекеринска тоа е нашта гола реалност, кој како да ги извртува работите, џабе е народот е гладен
Од: Бато
Датум: 17.10.2010 14:36:54
Се разбира дека сега неможе да си дозволиме да чекаме ,оти тогаш се водеше исправна политика и Грците како да премолчуваа ,и така нашата земја и доби кандидатски статус ,без да се другата страна противи.А сега тоа нее можно, оти еве сите околу нас не претркаа .Ги решаваат проблемите и покрај тоа што се горливи и за народот и за политичарите.Тие беа далеку зад нас а сега со инвестиции ,со реформи кои вртоглаво брзо ги прават и се гледа нивниот успех.Наназад 4 години ФЕЛИКС,власта се занимава со антиквизација и со инает политика , од која корист имаат само тие и нивните околу нив .Во матно најубаво се лови ,а народот нека се занимава со анкети и со рејтинг „мени„.Но часовникот отчукува,тика-так,тика-так,а алармот е веке одамна вклучен.
Од: vlatko
Датум: 17.10.2010 14:57:54
Zaednicka pozicija nikogas ne ni bila mozna zatoa sto 20 godini SDSM nema nikakva pozicija. Da ja imase ke ja cuevme.(Nesto ne matkaa 15 godini so dvojnata formula) ama izleze deka nesto ja utnale matematikata.
Од: Milan Sekuloski-Prilep
Датум: 17.10.2010 19:25:05
I posle kako da gi svatis seriozno nasive politicari ?!!!?