Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Ќотекот и рајот

Мирче Јовановски

Децата се нашето најголемо богатство, е изрека која се' уште често можеме да ја слушнеме во секојдневната комуникација меѓу нашите луѓе. Но, дали е тоа навистина така? Или во годините на транзиција и оваа вредност, карактеристична за традиционалните општества, како што беше и македонското, полека исчезнува отстапувајќи простор за некои поинакви вредности и норми.

Ако се имаат предвид резултатите од истражувањето за злоупотребите врз децата, кое беше спроведено врз 1.277 испитаници на возраст од 18 до 23 години, одговорот, за жал, многу загрижува.

Иако во фокусот се децата, односно злоупотребите кои тие ги трпат, резултатите повеќе зборуваат за тоа какви родители сме всушност и што треба да направиме сите ние. Колку во тоа ќе успееме е друго прашање.

На поголемиот дел од родителите кај нас, по се' изгледа, им е потребна колективна пси��отерапија, со оглед на омилената воспитна мерка што ја практикуваат кон сопствените деца. Според студијата на СЗО и на нашата Клиника за психијатрија, ќотекот го применуваат дури 70 отсто од родителите, или секои седуммина родители од десетмина. Со оглед на опфатената возраст на испитаниците, би било интересно во некоја друга студија да се види колку годините на транзиција се одговорни за нервозните постапки на родителите кон своите деца.

Пцуени, навредувани, понижувани..., се само поблагите варијанти на релација родител - дете. Потешките се физичкото малтретирање, но и сексуалното злоупотребување, нешто што порано не беше познато во толкава мера кај нас. Родителска грижа несвојствена за векот во кој живееме. Ќотекот можеби е излезен од рајот, но животот на најзлоупотребуваните деца често е пекол. Потоа се чудиме зошто имало толку девијантни однесувања кај младите.


#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 16.10.2010 12:32:03
Vcera imase eden tekst na ovaa tema i ostaviv komentar,koj smetam bese nekade na"sredinata"pomegu onie koj zagovaraa"demokratija"i onie balakncite koj zagovaraat"kotek".Sega nema da polimiziram,samo ke dadam eden primer od ovde,pa neka si izvlece zaklucok sekoj kakov saka.Se sekavate pred 2-3 godini na onaa sluckata vo Kozle,kade sto deca od osnovno diveea i krsea izlozi.Otkako intervenirase policijata,vednas se javia NVO a i roditelite koj ja obvinija policijata deka gi"traumatizirala"so toa sto gi privela.Pa sega prasuvam,sto trebalo ovie deca doma da dobijat,kotek ili da im se objasni deka policijata e nasilna bidejki ne gi ostava da si go"ziveat detstvoto"spored nivni keif.Vo moe vreme znam kako ke pominev doma ako mu iskrsev nanekogo prozor ili avtomobil,pa makar i nesakajki.Sto e ova denes,stvarno ne svakam.Pocnavme li da stanuvame licemeri i glumci?Sami li se turkame vo propast ili nekoj ni nametnuva?Pa i samata vistinska demokratija e prisila nesto da ne se pravi,a ne anarhija.
Од: jas
Датум: 16.10.2010 16:38:29
se zavisi od svesta na lugjeto.......koja nema nikakva vrska so stepenot na obrazovanie
Од: sime
Датум: 16.10.2010 19:12:37
Ne sum zagovornik na ffizicko ili psihicko maltretiranja ne samo na deca. Megjutoa naseto drustvo e mnogu raznovrsno vo pogled na mentalitetot. Za nekoi i kotek ne bi pomognal dodeka drugi deca ne smees ni blagonaklono da gi sovetuvas aku zgresile,Nema pravilo sekomu prema zasluzenoto

Најди! во Утрински
Втора страница
Скопје игра по грчки ноти
Вербатим
Хилари не ја споменала Македонија во Брисел
СРД
„Херитиџ“ бара САД да притисне за Македонија






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy