Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Битола

Џез-музичарот Четкар на 27 август ќе го отвори младинскиот арт-фестивал ,,Битола – отворен град 2008“

Битолчани ќе имаат ексклузивна можност да го слушнат Владимир Василевски-Четкар, кој на 27 август ќе го отвори седмото издание на младинскиот арт-фестивал „Битола - отворен град 2008“ во организација на МКЦ од Битола. Концертот, на кој Четкар ќе го промовира својот најнов албум „We Will Never End“, ќе се одржи во ноќниот клуб во хотелот ,,Амбасадор“ во Битола во 22 часот.

Четкар доаѓа во Битола веднаш по настапот на најпосетениот и најголемиот музички културен настан во Европа, Фестивалот „Зигет“ во Будимпешта, Унгарија. Пред повеќеилјадната публика Четкар на ,,Зигет“ ја делеше сцената со американска џез/фанк-легенда Maceo Parker, а на иста стена настапуваше и со британските музички звезди Matt Bianco.

Според ,,Soulchoonz“, најдинамичната британска соул музичка куќа, албумот на Владимир Четкар „We Will Never End“ се издигнува над сите досегашни квалитетни музички изданија во изминатиот период. Нарекувајќи ја секоја трака од албумот есенцијална, Бери Тоулер во својата фантастична критика, вели дека се работи за сто проценти жива инструментација, гудачи и непогрешлив грув. ,,Овој човек е ултраталентиран“, оценува Тоулер. За албумот „We Will Never End“ самиот Четкар пак вели дека го доловил звукот вреден милион долари.

Четкар е роден во Охрид. Тој е мултиталентиран професионален музичар (композитор, аранжер, вокал и гитарист). Се школувал на Беркли колеџот, а благодарение на професионалното искуство истовремено ја развива својата кариера на полето на џезот и соул, фанк и денс-музиката. Активно настапува на џез-настани, во ноќни клубови и на меѓународни фестивали во Европа и во САД. (К.Р.)


Статијата е прочитана 111 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Струга е колепка за комуникација меѓу народите и цивилизациите
Џезот како „тајно звучно оружје“ во студената војна
Велешкиот театар гостува во Кавадарци
Графичка работилница во Богданци
Марксистичка книга стана бестселер во Јапонија

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.