Марксистичка книга стана бестселер во Јапонија
Седумдесет и девет години старата приказна за бунтот меѓу екипажот на еден рибарски брод стана неверојатен летен хит меѓу младите Јапонци кои се соочуваат со економска криза и се' поголема сиромаштија. Продажбата на „Бродот за ракови“ е зголемена, и ја држи на или во близина на самиот врв на бестселери уште од мај, што е невиден успех за така сериозно дело. Напишана од Такиџи Кобајаши во 1929 година, романот за кратко време стана јапонски одговор на критиката на Роберт Тресел за капитализмот. Но, Кобајаши во 1933 година плати за својот радикализам, кога беше измачуван до смрт од страна на тајната полиција, на 29-годишна возраст.
Од нејзиното објавување како џебна книга во 1953 година, романот во кој се прикажани обидите на екипажот да формира синдикат и да организира штрајк во знак на протест поради ужасните работни услови, се продаваше во 5.000 примероци годишно. Продажбата достигна рекордни висини во 2008 година откако делото беше пофалено од Карин Амамија, десно ориентиран панк-пејач кој стана писател, во едно интервју за весник во јануари годинава. Досега само годинава се продадени половина милион копии, според издавачот „Шинчоша“. Рекламната кампања, поврзувајќи ја несреќата на екипажот на рибарскиот брод со онаа на јапонскиот работник во денешно време, предизвика зголемена продажба меѓу лицата на возраст од 20-30 години, многумина од нив работат слабо платени работи без осигурување или бенефиции. Околу 10 милиони Јапонци сега заработуваат помалку од 9.790 фунти годишно. (Гардијан) |