Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Струга е нишка за разбирање меѓу цивилизациите

Пред Домот на поезијата во Струга завчеравечер беа отворени 47. „Струшки вечери на поезијата“

Од нашиот известувач
Невена Поповска

СТРУГА - По интерпретација на „Т’га за југ“ и палењето на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга завчеравечер беа отворени 47. „Струшки вечери на поезијата“. Свеченото отворање се одвиваше во присуство на претставници од политичкиот и културниот живот на земјата, гости и учесници на поетскиот фестивал, како и граѓани на Струга.


Добитникот на „Златниот венец“, Фатос Арапи, во придружба на министерката за култура Елизабета Канчевска- Милевска

Присутните ги поздрави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој меѓу другото рече: „Драги поети, вие ни ги донесувате надежта, соништата и визиите на вашите народи и на човештвото. Од мостовите на овој град свечено нека се пренесе во светот пораката за мир и пријателство меѓу народите. Им остануваме засекогаш благодарни на поетите од целиот свет што од Струга направија колепка за комуникација меѓу културите и цивилизациите, зашто вие сте гласноговорници за посреќна иднина на човештвото. Струга порасна и се разви во поезија и мир, но вие сте оние кои на небескиот сјај на водите на ова езеро и на оваа река им подаривте уште јазик - најубавиот јазик на поезијата. За Струга, но и за Република Македонија овој меѓународен фестивал фигуративно е една олимпијада на најсуптилното духовно човечко творештво - вечната уметност, кое на величествен начин ја краси златниот венец од сините хоризонти на мостот на поезијата“.

Фестивалот го прогласи за отворен министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, која во поздравната реч истакна: „Веќе 47 години по ред во Струга престолнината на светската поезија светот станува едно и упатува поетска порака до светската духовна јавност. Во единствен хармоничен глас се слеваат зборовите на сите јазици во светот а тие пренесуваат една порака: пријателство, разбирање, соработка и заеднички просперитет. Струга ги дочека најзначајните имиња на светската поезија и ја пренесе славата на секое катче на планетата Земја. Таа е опеана на сите меридијани, на сите јазици во сите 193 земји-членки на ОН и УНЕСКО. Струга и струшкиот поетски фестивал се поим во сите светски институции што ја определуваат културата како основен двигател на прогресот во модерната глобална епоха на човештвото. Славејќи ја културата и поезијата во Струга ја славиме вечноста на трите човекови трајни вредности - љубовта, вербата и пријателството и затоа во името на љубовта, вербата и пријателството во нашата Македонија и секаде во светот да ја ��лавиме поезијата и нејзината лековита моќ“.

Вечерта продолжи со манифестацијата „Поетски меридијани“ на која 30-тина учесници на Фестивалот од повеќе земји читаа своја поезија. Потоа во рамките на „Ноќ без интерпункција“, Лидија Капушевска-Дракулевска говореше за поезијата на Антонија Новаковиќ, поетеса од Хрватска и годишен лауреат на наградата на УНЕСКО „Мостови на Струга“ за најдобар млад поет. На „Ноќ без интерпункција“ со своја поезија настапија млади поети од земјава и странство како и белгиските претставници од преведувачката работилница која работи под раководство на Зоран Анчевски.

Вчерашниот фестивалски ден започна со симпозиумот на тема „Јазикот, поезијата, идентитетот“, а продолжи со чествување по повод стогодишнината од раѓањето на Кочо Рацин и промоцијата на изборот на македонската поезија под наслов „Песна меѓу две лета“. Претставувањето на украинската поезија беше последната содржина со која се заокружи вториот фестивалски ден.

Фатос Арапи ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ

Во понеделник, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржат две средби од доменот на меѓународната соработка на писателската асоцијација. Напладне ќе биде промовирана едицијата словенски поезии во 10 тома, објавена на руски јазик во Москва. Едицијата ќе ја промовираат секретарот на ДПМ, Веле Смилевски, академик Гане Тодоровски и редакторот на едицијата, познатиот руски писател Сергеј Главјук. Првиот том од оваа едиција е посветен на македонската поезија од 20 век.

Во 13 часот следи средбата со годинешниот добитник на високото меѓународно признание , наградата „Златен венец“ на СВП, истакнатиот албански поет Фатос Арапи, кој ќе биде прогласен за почесен член на македонската писателска асоцијација. За творештвото на Фатос Арапи ќе зборуваат претседателот на ДПМ, Раде Силјан, и директорот на СВП, Данило Коцевски. Стихови од Фатос Арапи ќе кажува актерката Јелена Жугиќ. На присутните ќе им се обрати и лауреатот на СВП, Фатос Арапи. (Л.М.)


Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.08.2008 01:21:23
I Struskite veceri ni se nasledstvo od komunizmot. Prohujalo sa vihorom. Napravete go ovoj test: prasajte bilo koj stranec da vi kaze ime na eden ziv poet od negovata tatkovina! 99% neznaat. Ako se misli deka so Struga ce se afirmira Makedonija, badijala se frlaat pari.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Џезот како „тајно звучно оружје“ во студената војна
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Битола
Велешкиот театар гостува во Кавадарци
Графичка работилница во Богданци
Марксистичка книга стана бестселер во Јапонија

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.