Велешкиот театар гостува во Кавадарци
Вечерва, во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“, Велешкиот театар ќе се претстави пред кавадаречката публика. Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, со почеток во 21 часот, ансамблот на оваа театарска куќа гостува со претставата „Да се заборави Херострат“, работена според текстот на Григориј Горин, во режијата на Зоја Бузалковска. Во претставата играат Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Игор Ангелов, Зорица Панчиќ, Јордан Витанов, Александар Ѓорѓиев, Едмонд Сотир, Маја Настевска, Кирил Гравчев, Кети Борисовска и Самоил Стојановски. Влезот за претставата е слободен. (К.Р.) |