Независниот претседателски кандидат Љубе Бошкоски вчера ги отфрли обвинувањата на една скопска телевизија дека не сака да соработува со адвокатите на Јохан Тарчуловски и да се појави како сведок во судскиот процес. Бошкоски оцени дека станува збор за обвинувања од една телевизија која прави кампања против него и секој ден го поставува на дневен ред прашањето на кое тој одамна има одговор.
„Од ова прашање се прави кампања. Одговорот на ова прашање е многу јасен. Со сиот свој авторитет и со сето свое знаење, познавајќи го проблемот во кој се наоѓа Јохан Тарчуловски подобро од сите негови адвокати од земјава и од странство, ќе дадам се' од себе да му помогнам“, изјави Бошкоски, коментирајќи го наводите објавени на телевизија Сител.
Тој смета дека информациите објавени на телевизијата имаат цел да му наштетат како претседателски кандидат поради неговиот висок рејтинг.
„Повеќе од очигледно е дека сакаат да ми наштетат поради мојот апсолутно највисок рејтинг во анкети на најкомпетентните рејтинг-агенции, како што е ИРИ, каде што сум апсолутно прв и победник на овие избори. Се користат со најпримитивни методи“, коментираше претседателскиот кандидат, нарекувајќи ја телевизијата „кампањска“. (Ж.Х.З.)
Ako Boskovski mislese na Tarculovski ovie meseci ke gi pominese vo baranje nacin za osloboduvanje na Johan a ne da trca po licna slava i fotelja! Me razocara Boskovski maksimalno! A plus i so negovite reklami sto si gi pravi na mitinzite...Zalosno e da go slusa covek!
Од: васко
Датум: 18.03.2009 07:26:04
Сител објавува информации со кои единствено сака да се дисфалификува Љубе.Тоа се ѓоа левичари кои подржуваат самонаречени демохристијани.За оние како р.р со кратка меморија таа истата телевизија пред 10 години можеби и по тоа а пред тоа сигурно плукаа по се вмро-вско,па дури и кога немаа ни еден пратеник од 94-98.Овде се се работи за интерес и тоа материјален.Нема друго објаснување.Некни пласираат вест во кјој на долниот дел пишува Љубе не сака да поможи,а новинарот не кажува ни збор за тоа.Затоа што нема докази.А,ваму применуваат сталинистички методи.Фер и демократски избори.Нема што.Па после заради такви како Латас и овој Р.Р.(сигурно вработен и тоа ново во администрација) нема ни преговори ни ништо.
Од: Perunika
Датум: 18.03.2009 08:51:53
Па досега требаше да му помогне нели.И Јохан е Македонец,Бошковски и него сака да му биде претседател.
Од: miki-sin
Датум: 18.03.2009 11:16:31
Како може човеков и понатаму да лаже кога вчера многу јасно неговата адвокатка кажа дека ќе сведочел само ако не бил загрозен неговиот интерес, па Љубе срамота е веќе да лажеш , ако си толку чист што не дојдеш да држиш митинг на териорија на Општина Бутел од како што е нашиот брат ЈОХАН да видиш како котираш овде да го видиме твојот највисок рејтинг!