Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ДИК ќе решава и по приговори на избирачи

Државната изборна комисија првпат на овие претседателски и локални избори ќе решава по приговори на избирачи. Постапката за заштита на избирачкото право ќе се третира како итна. Тоа значи дека за приговорот што се поднесува во рок од 24 часа во писмена форма или на посебен образец, а не и по пошта, ДИК решава за четири часа. Ова значи дека за позитивно решение, ако има доволно време, односно ако изборите се во тек, гласачите можат да се вратат на избирачкото место и да гласаат.

Во приговорот незадоволните гласачи треба да ги наведат местото и времето на настанот, да ја опишат повредата и да посочат на сторителот.

Според упатството што го подготви ДИК и го објави на Интернет-страницата www.dik.mk, се вели дека при приемот на приговорот се запишуваат датумот и часот, а оттогаш почнува да тече рокот за одлучување.

ДИК ќе го разгледа приговорот и ќе одлучи дали го усвојува или го одбива како неоснован. Доколку се усвои врз основа на наведените докази, тогаш ќе се донесе решение „со кое се утврдува дека на избирачот му е повредено избирачкото право на начин што му е оневозможено да го оствари тоа“.

Избирачите кои ќе имаат докази дека одборот ги спречил во остварувањето на правото, ќе можат да гласаат. ДИК ќе го задолжи избирачкиот одбор да му овозможи на гласачот да го оствари правото доколку изборниот процес е во тек. (К.Ч.)


Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 18.03.2009 00:25:15
So ova se dokazuva deka Vladata saka fer i demokratksi izbori,a SDSM ke prigovara za se ! Ama onoj sto raboti cesno nE se plasi od nisto.Da zivee VMRO!
Од: Irena
Датум: 18.03.2009 08:42:01
Stranicata na Drzavnata izborna komisija e www.sec.mk, a ne kako sto e navedeno vo vasiot tekst.

Најди! во Утрински
Политика
ВМРО го обвини Јакимовски дека инкасирал 350.000 евра
На денот на изборите ќе врне снег
ВМРО-ДПМНЕ
Крис Патен- Прво исполнување на критериумите, потоа во ЕУ
Кандидатите против дискриминацијата
Изборните карвани влегуваат во финалето со митинзи
Нано Ружин- Сакаме обединета Македонија
МВР останува подалеку од партиските активисти
ДПА- Државата е во длабока криза
Хасипи повика да се гласа за Иванов
Бошкоски
Бошкоски ќе му помогне на Тарчуловски
Заев очекува победа во 20-30 општини