Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ВМРО го обвини Јакимовски дека инкасирал 350.000 евра

Деспина Трајковска

Стевчe Јакимовски, градоначалнички кандидат на ЛДП, СДСМ и НСДП за скопски Карпош, ја злоупотребил функцијата министер за труд и социјална политика и инкасирал 350.000 евра на сопствена сметка, склучувајќи договор за грижа на бездомни лица со една невладина организација, чиј основач е токму тој, обвинија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откопуваат стари конструкции и шират невистини, бидејќи се во очај и во паника. Последната анкета говори дека јас како кандидат на опозицијата водам 38 спрема 20, или речиси двојно“, експресно реагираше Јакимовски и напомена дека да имало и ронка вистина во наводите, тој нема да се кандидирал за градоначалник, оти сигурно ќе бил „една од ѕвездите во реалните шоуа со апсења на Груевски и Јанкуловска“.

Од ВМРО-ДПМНЕ напоменаа дека пред една недела бил раскинат договорот за сместување и грижа за бездомниците, склучен во 2005 година помеѓу Министерството за труд и социјална политика и „Истражувачка станица – Катланово“ на Јакимовски. Без никакви критериуми, тој склучил договор со кој Министерството се обврзало секој ден да исплатува 400 денари по човек за услуги на 50 бездомници.

„Според договорот, Министерството секој месец исплаќало по околу 10.000 евра на ‘Истражувачка станица – Катланово‘, поточно Јакимовски, како министер и потписник на фактурите за исплата, секој месец си префрлал пари на невладината организација, чиј основач е лично тој. Според процените, за три години оваа невладина организација инкасирала околу 350.000 евра“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, кој побара Јакимовски јавно да одговори дали е точно дека парите од Министерството биле префрлани на неговата домашна адреса, дали таа се' уште е наведена како седиште на организацијата и дали тој е нејзин актуелен основач.

Јакимовски потврди дека е еден од основачите на невладината организација, формирана во декември 1999 година, но објасни дека договорот не го потпишал тој, а дека бездомниците биле сместени во Катланово со владина одлука од 2005 година. Потенцирајќи дека во случајот не гледа конфликт на интереси, тој на ВМРО-ДПМНЕ му даде еден предлог за партиско-полициски истражувања.

„Ги молиме да истражат и да проверат дали е вистина дека нивниот кандидат Саша Димиќ на улица ‘Даскал Камчев‘ број 3 гради станбена зграда, затскривајќи се под туѓо име? Кога ќе го истражат и расчистат овој случај, тогаш можат да зборуваат и да прашуваат со каков било легитимитет“, дополни опозицискиот кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го испитаат наводниот скандал.


Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: Acko
Датум: 18.03.2009 00:15:37
Pa Stevce ima ljubovnica bivsa snaa od Veles koja se ostavi so mazot i radi nego i kupi stan tojota se po red i covekot ima mnogu trosoci sea inkasiral nesto ajde golema rabota voa vmrovcive so lugje se auuuuuuu od nisto ne se razbiraat.
Од: karpos
Датум: 18.03.2009 00:38:58
sramota za sdsm i vmro dpmne kakvi kriminalci ni predlagat za gradonacalnici.
Од: ldpovac
Датум: 18.03.2009 02:42:45
ispitajte go dogovor za zakup na vd dimic za igroteka koja e zema od opstina karpos.
Од: stole
Датум: 18.03.2009 07:31:47
siroti vmrovci pa Stefce da imase pogresna fiskalna smetka od samoposluga odma ke go zatvorea, ama ne mozat nisto ta najdat protiv nego pa preku vmrovskata mona liza(bicikliski) lupaat gluposti.Zasto ne go proverat rabotenjeto na Dinic za kogo zborot tendet e spansko selo,kolku e stvarnata cena na korpite za smet od realna cena negde okolu 20 evra porasna cenata na 45 evra,zasto vrabotuva nepismeni kako nego na dva dena pred izbori,plockite vo porta vlae kolku cinat Saso ti zavrsi filmot vo Karpos uste 4 dena i kraj.
Од: karpos II
Датум: 18.03.2009 08:06:32
De be, ako moze majka mu na Grujo da ima cetiri stana, moze i Stefce da ima nekoe evro.
Од: 4pete21
Датум: 18.03.2009 08:39:11
Се исплашија фашизоидниве дека ќе го изгубат Карпош. Сакаат се да имаат, сите можни институции и организации. Бичиклиски станал претседател на Кугларска федерација.... Еееее, црна Македонијо со вакви диктаторчиња. Карпош ќе си го изгубат, џабе им е. И треба.
Од: дт-47
Датум: 18.03.2009 08:42:19
Граѓаните од општина Карпош немаат многу среќа со градоначалниците. не беше ни малку поарен ни Андреј Петров кој се довлечка до Парламентот, Затоа народе не гласајте ни за Димиќ ни за Стевче. Видите кои беа пред 10 год. а кои се сега. Стевче само плука по другите а најблаго речено и тој е многу сомнителен со финансиски малверзации
Од: Ina
Датум: 18.03.2009 08:56:00
Овие невладините се многу интересни за прибирање на пари.Размислете кога најмногу никнаа и кои имиња се вртат околу нив.А секако се вртат и цифри.Позз до утрински.
Од: Драги
Датум: 18.03.2009 09:37:47
Стевче Јакимовски е лукав,пресметлив,бивш министер во повеќе ресори и како и поголем дел од министрите корисник на изреката *дури сум на власт.....*.Аферата што ја спомнувате беше доста актуелна во предходната кампања,но по превземањето на власта од новата власт,наместо да се спроведе до крај проневерата се остави во некоја фиока и се остави во мирување.Изгледа дека дојде денот. Со ова се потврдува дека позади секој министер бивш а и сегашен стои некоја проневера депонирана во некоја фиока,да кога ќе се створи погодна констелација одеднаш се актуелизира
Од: Anketiran
Датум: 18.03.2009 09:44:04
Mnogu interesen rezultat od anketata na Institut za demokratija vo nedelata. Izmerija rejting na kandidatite za gradonachalnik na Karposh i odma izvadija afera za Jakimovski. Sekoja chest.
Од: Trajko
Датум: 18.03.2009 11:21:45
E ova mora da vleze vo rubrikata "Veruvale ili ne".Neznam kako na ova vlast od race im odbegnuvat i vakvi raboti i toa pred izbori.No narodot treba da svati dali nekoj laze.
Од: biljana
Датум: 18.03.2009 12:31:12
Im preporacuvam na vlastite da se zaangaziraat okolu nezakonskoto rabotenje na v.d. gradonacalnik Sasho Dimikj koj za samo 4 meseci uspea da se ushalta vo biznisot na perenje pari i toa NA VELIKO, toa go znaat vrabotenite vo opshtina a preku niv znaat i site zziteli na Karposh, taka da ne si troshete energija vadejki mu prljav vesh na Jakimovski, zaludno e!!!
Од: gragjanin na karpos
Датум: 18.03.2009 13:24:09
Stevce Jakimovski ja izgradi stazata i go uredi kejot pokraj vardar (prvo Stevce, posle pocnaa drugite opstini), gi zakluci i renovira detskite igralista...ostavi nesto vidlivo zad sebe... Od druga strana ovoj Dinic, izdade brosura za opstina Karpos, vo koja navestuva gradenje crkva i vekje opstinata obezbedila 100.000 evra!!! So koe pravo dava opstinski (nasi) pari za crkva? Da ne ispadne na kraj kako crkvata vo opstina aerodrom. Pokraj toa, za razlika od brosurata sto ja izdade Petrov - kako se trosat vasite pari, Dimic si pravi reklama na VMRO, pak so opstinski (pak nasi) pari....mizerija. Megjutoa, gragjanite na Karpos ne se polupismena masa... Zatoa, nikogas nema da pobedat talibancive vo Karpos, NIKOGAS!!!
Од: koki
Датум: 18.03.2009 13:57:19
bravo za proektot na akademikot dimic (akademija pavel satev) za 2000 portokalovi kanti so pedala i vrzani so lanec (da ne se cuvstvuva kako stranec...)so alumil dogoreni za 13 evra ,plateni po 45 evra.da se najde nesto za kampanjata.
Од: Dragi
Датум: 18.03.2009 19:44:18
Џабе рипате против Стевче. Стевче е Бренд име за Карпош.

Најди! во Утрински
Политика
На денот на изборите ќе врне снег
ВМРО-ДПМНЕ
Крис Патен- Прво исполнување на критериумите, потоа во ЕУ
Кандидатите против дискриминацијата
Изборните карвани влегуваат во финалето со митинзи
ДИК ќе решава и по приговори на избирачи
Нано Ружин- Сакаме обединета Македонија
МВР останува подалеку од партиските активисти
ДПА- Државата е во длабока криза
Хасипи повика да се гласа за Иванов
Бошкоски
Бошкоски ќе му помогне на Тарчуловски
Заев очекува победа во 20-30 општини