Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Балканот го тесат земјотреси

Во Кралево настрадаа маж и жена

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер го потресе регионот

КРАЛЕВО - Од земјотресот, со јачина 5,4 степени според Рихтер што го погоди Кралево, загинаа две лица, а на подрачјето на градот е прогласена вонредна состојба. Окружните, општинските и градските штабови за цивилна заштита прогласија вонредна состојба на подрачјето на градот Кралево.

Градоначалникот Љубиша Симовиќ рече дека нема електрична енергија на една четвртина од градот, а снабдувањето со вода, главно, е нормално, освен во помали делови и одделни згради. Од јавните објекти најголеми штети претрпеа Здравствениот центар и Заводот за јавно здравје, па според зборовите на директорот д-р Александар Мацан, од изутрина исправноста на водата се испитува и во Чачак.

Началникот на Секторот за вонредни ситуации при МВР на Србија, Предраг Мариќ, рече дека ситуацијата во Кралево и околината во целост е под контрола. Мариќ вели дека во Кралево постојано се чувствуваат нови потреси што се повторуваат ритмички и не се силни. Училиштата во Кралево и во околните места се затворени, а се очекува нормализација во снабдувањето на граѓаните.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтер што се случи вчера изутрина околу 1,57 часот, беше на 10 километри северно од Кралево. Земјотресот и' нанесе најмногу штети на населбата Грдица, каде што загина брачната двојка Наталија и Синиша Сташиќ на возраст од околу 50 години, што го потврди и министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој веднаш замина за Кралево. Нивните тела беа извлечени од страна на специјализираните екипи на МВР. Нивниот син, кој, исто така, бил во куќата, не е повреден, рече Дачиќ.

Директорката на Републичкиот сеизмолошки завод, Славица Радовановиќ, изјави дека помали потреси може да се очекуваат и во наредните денови. Околу 50 лица, сите со полесни повреди, побараа помош во Службата за брза помош. Во некои делови на Кралево нема струја и вода, а болницата е оштетена. Како што јавуваат новинарите на Б-92, оштетена е и болницата во Кралево, а само една сала е оспособена за операции. За среќа, никој од пациентите што биле во болницата во моментот на земјотресот не е повреден.

Директорот на здравствениот центар, Драган Арсиќ, вели дека сите пациенти што не мора да бидат во болница ќе бидат отпуштени. Според неговите зборови, постојат простории во самиот објект во кои тече вода или недостасуваат делови од плафонот. Во прекин се и телефонските линии, а не се стабилни и сигналите на мобилните телефони. На одделни куќи, особено во селата во околината на Кралево, урнати се оџаците, крововите и делови од фасадите. Во Службата за брза помош се јавија повеќе десетици лица поради повреди, но и поради вознемиреност.

Земјотресот предизвика поголема материјална штета, возилата за градска хигиена одвезуваат малтер, шут, стакло од прозорците и градежен материјал што отпаднал од оштетените згради. Во селото Витановац, каде што беше епицентарот на земјотресот, и во околните места се уништени повеќе од 70 отсто од крововите на куќите.

Во Белград, во населбата Вождовац, повредено е едно 24-годишно момче, кое поради страв од земјотресот, скокнало низ прозорецот од станот на високо приземје. Тој се здобил само со гребнатинки. Според зборовите на портпаролката на Службата за брза помош, д-р Нада Мацура, во Белград нема повредени од земјотресот. (Б-92)

Се тресеше и грчки остров

Солун - Нема поврзаност меѓу земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала што е регистриран во Србија и земјотресот од пет степени според Рихтер што е регистриран на грчкиот остров Самотраки.

Сеизмологот Манолис Скордилис од Солунскиот универзитет „Аристотел“ тврди дека земјотресот во Србија не предизвикал потрес на територијата на Г��ција.

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала го потресе вчераутро реонот на грчкиот остров Самотраки. Епицентарот е регистриран на оддалеченост од 50 километри југоисточно од северногрчкиот град Александрополис во заливот Сарос.


#
Статијата е прочитана 955 пати.

Испрати коментар

Од: Mitko
Датум: 05.11.2010 09:23:20
Не е „Кралево“ туку „Краљево“ , по таа логика би требало да е „НовЈорк“ а не „Њујорк“

Најди! во Утрински
Политика
И скопјани се испаничија
Судството мора да се разведе од политиката
Информатичарот ќе ги строи административците






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis