Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Информатичарот ќе ги строи административците

Ниту една влада досега немаше храброст да се зафати со кастрење на администрацијата, бидејќи тоа значи губење на изборите

Катица Чангова


Информатичарот Иво Ивановски ќе ги брои и ќе ги строи административците. Микс од надлежности - телекомуникации, радиодифузија, човечки ресурси, но и одговорност за административна реформа од почетокот на идната година се префрлаат во Министерството за информатичко општество. Ова го најавуваат новините во Законот за организација на државната управа што стигнаа на прво читање во Собранието, а очекувано беа дочекани на нож од опозицијата. Владата подметнува кукавичко јајце, сметаат пратениците од СДСМ, кои револтирани од проектотот подготвен во тајност, без елаборат и стручна дебата, оценија дека продолжува практиката на експериментирање.

„Министерство да управува со 150.000 вработени во јавната и во државната администрација не зборува за европски реформи, туку за небулозен и контроверзен проект. Решенија на сила во најсензитивниот ресор, без демократска процедура и со игнорирање на опозицијата е само уште една потврда дека во Македонија нема дијалог. За сериозните закони дури и во комунизмот имаше повеќе дебата“, категоричен е пратеникот на СДСМ, Владо Бучковски.

Трансформирањето на Министерството за информатичко општество значи дека Владата добива ресор што ќе ја преземе политичката одговорност за квалитетот на администрацијата, ќе ја придвижи модернизацијата понапред на листата на приоритети и ќе воспостави ефикасни структури, објаснува министерот за правда, Михајло Маневски. Бранејќи ги измените за кои имало и анализи и експертски мислења, Маневски рече дека предлогот е чекор за реформи во администрацијата што ги бара Европската унија.

Но, така не мисли координаторката на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова. Таа обвини дека промените ќе доведат до политизација на администрацијата, бидејќи огромната армија ќе биде директно раководена од политички субјект.

„Лани во парламентот водевме војна за измените во Законот за државни службеници. Брисел инсистираше на консензус за 10.000 државни службеници, а ние го обезбедивме. Сега доаѓа нов проект за 150.000 административци, а чудно е што Брисел овој пат не бара консензус. Кој гарантира дека ќе има резултати“, праша Иванова, за која оваа акција на Владата ја доведува во прашање и стабилноста на институциите.

Според Роза Топузова-Кареска од ЛДП, двотретинското мнозинство за закони е голема одговорност за владејачката гарнитура, а не предност. Таа се чуди како е можно за толку широки овластувања на Министерството за информатичко општество да не се предвидени финансиски средства.

Ниту една влада досега немаше храброст да се зафати со кастрење на администрацијата, бидејќи тоа значи губење на изборите. Партиите се претворија во бироа за вработувања на своите кадри и тоа во администрацијата, која стана балон што секој момент ќе пукне, оценуваат познавачи на оваа материја. Тие предупредуваат дека власта конституира „чудовиште“ од типот на поранешното Министерство за транспорт, урбанизам и екологија што во никој случај нема шанса да се посвети на преструктуирање на администрацијата. Кога администрацијата е само депанданс на обемен ресор, тогаш не можат да се очекуваат никакви промени. Јавноста се замајува. Зошто за проектот не е побарано мислење од Венециската комисија? Навистина е нејасно, коментираат експерти од управно право, кој ќе се занимава со реформите, министерот, заменикот или државниот секретар во Министерството за информатичко општество. Исто така е многу сомнително тоа што во буџетот не е предвиден ниту денар за реформите што навестува дека на овој план нема политичка волја за работа.

„Недозволено е да се изработи закон со кој на блискиот соработник на премиерот на кого пред две години му се формираше цело Министерство за информатичко општество само за тој да може да стане министер, сега да му бидат дадени ингеренции тој да стане и реформатор на јавната администрација. Недозволено е за ваква една идеја да не се дискутира, да не се дебатира, да не се расправа пред таа да се протне во Собранието“, напиша во колумна за „Утрински весник“ професорката на Правниот факултет, Ана Павловска-Данева. Според неа, за вистинска реформа не е потребно уште едно министерство, туку вистинска и искрена волја. Павловска-Данева смета дека е потребно да престанат партиските вработувања, шиканирањето и деградирањето на секој што не е страната на власта.

„Потребно е да се остручат оние кутри луѓе што седат врз бироата и не знаат што да прават со себе, уште помалку со компјутерите на нив и многуте предмети по сефовите и фиоките. Потребно е да се формира центар за континуирана обука на јавните службеници каде што тие ќе совладуваат нови вештини, ќе учат за имплементација на новите закони, ќе ги совладуваат начините за водење преговори со ЕУ. Но и начините за постапување со граѓаните на кои се должни да им ги дадат своите услуги“, нагласува Павловска-Данева, според која, важно е изучувањето етика на работно место, управување со човечки ресурси и комуникација со јавност.


#
Статијата е прочитана 1299 пати.

Испрати коментар

Од: Обсервантес
Датум: 04.11.2010 12:56:44
Кој ќе одлучува во втор степен по приговорите и жалбите на јавните службеници? Ако веќе го анализирале Предлогот на законот, нашиве експерти требало да им падне во око таков пропуст. Море со вакви експерти и политичари тешко нас. А јас искрено на експерти кои стојат на бините на партиските митинзи не им верувам.
Од: Трпе
Датум: 04.11.2010 13:51:33
Прво треба некој да даде одговор дали во некоја друга земја постои министерство за информатичко општество.Или само на младиот информатичар да му се обезбеди министерско место.Дали е дораснат за ваква функција,кое му е искуството.Во РМ се е поставено наопачки откако портокаловите дојдоа на власт.Дали овој млад информатичар е достоен да работи со толкаво окрупнето министерство.Колкаво е неговото искуство со раководење или доволно е да е близок со пастирот.Ова што државата ја уништуват е точно но сега од нивните неостварени предвидени чекори забурзуват само еден чекор колку е можно побргу да ја уништат ова мала жална државичка.Но народот нека си го чува кубурот ке му треба за потешки времиња.
Од: Stojko
Датум: 04.11.2010 17:19:23
Nie sme seljacko opstestvo, ama ne sakame da si priznaeme. Zamislete > Ministerstvo za seljacko opstestvo!
Од: xxL from Prilep
Датум: 04.11.2010 22:11:22
Informaticko opstestvo.... znaete bre vie sto e toa? Preku internet aplicirate za pasosi,licni karti,vozacki dozvoli ili bilo koi dokumenti i posle vi gi prakaat po posta. So toa se namaluvaat guzvite vo soobrakajot,se stedi na gorivo,nema gubenje vreme i otsustvo od rabota,namalena e zagadenosta...Zamislete MVR prilep i MVR skopje kako da se vo dve razlicni drzavi,kompjuterite ne im se vo mreza. Istoto e i vo zdravstvoto i vo site segmenti na opstestvoto. Posto doticnoto ministerce nisto nema implementirano od ova so go navedov,mozam da kazam deka e neuspesen ili promasen IT ing,a pak kako minister... tapa
Од: bitola troa skolovan
Датум: 04.11.2010 23:04:56
dosega od 5 gubea 6 ovci kolku li ke izgubime sega???????????
Од: kiroUSA
Датум: 05.11.2010 02:20:24
Po ovaa izgleda deka od 30% do 50% od celovkupnoto naselenie vravoteni vo" Banana republic" Makedonija se zaposleni vo birokratijata.I isto 30% nezaposleni , i zamislete malku im se baraat uste rabotni mesta !?komedii.

Најди! во Утрински
Политика
Балканот го тесат земјотреси
И скопјани се испаничија
Судството мора да се разведе од политиката






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis