Градинките во скопската општина Чаир вчера добија согласност да вработат 23 негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал, кои повеќе години се ангажирани со договор на дело. Градинките сега ќе треба да распишат конкурси за вработување на кои ќе можат да конкурираат сите оние што беа ангажирани со нерешен статус. Во градинките на територијата на Општина Чаир работат 80 лица со д��говор на дело.
Како што рече вчера министерот за труд и социјала, Џелал Бајрами, доделените 23 согласности се први од предвидените 100, колку што ќе се вработат во градинките во Скопје до крајот на годинава. Со договор на дело во сите градинки во скопските општини повеќе години работат околу 300 воспитувачи, негувателки и друг помошен персонал. (С.Р.)
So ovie vrabotuvanjata ubedlivo vodi Koce - Kocka. Denovive vrabotil 12 redari vo Sobranie na Grad Skopje i da bide ironijata ushte pogolema site 12 gi smestil vo edna kancelarija. Dali moze da zamislite kako izgleda na eden metar kvadraten eden covek. Toa e pod sekoe covecko dostoinstvo. KOCE !!!, mandatot brgu pominuva mozesh li da se zamislish kako del od tie redari ?