Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Берово ќе живее од туризам

��ван Бојаџиски

БЕРОВО - На височинка од која се протега прекрасен поглед на Беровско Езеро и на вечно зелената околина со високи шуми и пространи ливади, финализира изградбата на туристички комплекс наменет за гости со подлабоки џебови. Сопственикот на туристичката агенција „Аурора“ од Скопје, Славчо Сирачевски, по потекло од ова место, планира до крајот на годината да го пушти во функција објектот што се гради веќе шеста година. По тој миг, во Берово и Малешевијата повеќе ништо нема да биде исто. Туризмот како гранка на која овој преубав, но во исто време и неразвиен крај се' повеќе се потпира ќе добие нови фантастични димензии.

Не случајно репортажата за Берово и Малешевијата ја почнуваме со фасцинантната градба која никна на 1.150 метри надморска височина, а зафаќа површина од 3,5 хектари. Девет депанданси направени од природни материјали ја сочинуваат „Аурора ресорт енд спа“, која ќе биде новата локомотива за туризмот во Малешевскиот регион. Последниве години се прават крупни чекори во развојот на оваа гранка. И тоа со хотелскиот комплекс „Манастир“, со отворањето на старите см��стувачки капацитети кај езерото, со четиристотини соби кои беровци ги ставија во туристичка понуда.

„Градиме капацитет со пет ѕвездички наменет за висок туризам. На тој начин ја надополнуваме туристичката понуда во Малешевијата и на истокот од државата, а очекуваме тоа да биде предизвик секогаш кога се говори за туризмот во Македонија. Значи, при пропагирањето на оваа стопанска гранка да не се спомнуваат само Охрид, Струга, Дојран, Маврово, Попова Шапка, туку и туристичките можности на источна Македонија во која, како што веќе пренесоа весниците, живеат најнесреќните луѓе во државава. Во туризмот сум подолго од три децении. И затоа добро знам дека Малешевијата, но и Голак, Пониква, Лесновскиот манастир и манастирот во Водоча, црквите по должина на патот за вештачкото езеро ‘Кнежево‘ се перфектна база за динамичен туристички развој. Во комплексот ќе доаѓа клиентела од странство, која се' повеќе е заинтересирана за одмор на едно место во кое ќе ги обезбеди сите потреби. На гостите ќе им понудиме многу содржини. Од базени и игралишта за тенис и голф, до прошетки со коњи низ борова и букова шума во планините. Ќе има џипови за сафари, трим-патеки, терени за пешачење“, објаснува Сирачевски.

Искусниот туристички работник укажува дека Берово и целиот крај летово имале исклучително добра посетеност. „Приватните сместувачки капацитети беа полни, хотелот ‘Манастир‘, исто така. Потребно е државата само да инвестира во изградба на патеки околу езерото. Берово ќе може да живее од туризам. Блед не е ништо поатрактивен од нашето подрачје, но таму инвестираше и државата. Фактот дека и беровци градат викендички на брегот од езерото, не за себе, туку за туристи, говори дека луѓето од овој пасивен крај насетиле во која насока ќе се движи нивната иднина и егзистенција“, додава Сирачевски.

На брегот од езерото се бараките со ресторан во кој затековме повеќе гости. Сопственоста на најстариот туристички капацитет во Берово не е расчистена, па затоа со него управуваат вработените.

„И ресторанот долго време беше затворен. Сите губевме од таа ситуација. Овде постојано имало и има гости. Се' додека не се разреши прашањето на сопственоста, невозможно е да се вложува“, изјави вработен додека во преубавиот амбиент речиси над самите езерски води го пиевме пладневното кафе.

Хотелот „Манастир“, импозантен објект што произлегува од традиционалната манастирска архитектура, се наоѓа на излезот од Берово, веднаш до патот што води кон езерото. Тој е речиси „залепен“ до манастирот „Свети Архангел Михаил“. Владо Мишовски, менаџер на хотелот, вели дека нивната основна идеја била развој на алтернативниот туризам.

„Овој вид туризам е светски тренд, а нашиот крај ги има сите предуслови за тоа. Чист воздух, изобилство од шуми, езеро, патеки за прошетки. Навечер не може да се спие без покривка. Овде е рај за луѓето кои на извесно време сакаат да ги остават проблемите дома“, нагласува Мишовски.

Хотелот има 32 соби и 71 легло, девет апартмани, ВИП супериор-соби, а ресторанот е во национален стил со, како што вели Мишовски, изворна храна од малешевското поднебје. Јадењето се готви исклучиво во стари бакарни садови, што му дава посебен вкус, а соковите се од овошките што растат во еколошки чистата средина. Секое утро, пред појадок, гостите се служат со слатко, а тоа е враќање на старата македонска традиција. Хотелот има тениско и детски игралишта, базен, џакузи и професионален кинезитерапевт. Цените се приспособени за џебот на нашите луѓе.

„Задоволни сме од посетеноста ова лето. Имавме за триесет проценти повеќе гости од лани. За нив организиравме прошетки до културно-историските знаменитости и планинарење по обележени патеки. Посебно беа атрактивни ручеците, кои по барање на групи ги правевме на бачила во планината на 1.450 метри надморска височина, а специјалитетот е јагне во фурна на дрва. Од тоа профитираат и жителите во селата во близина на македонско-бугарската граница. Овој крај ќе стане нова туристичка мека во Македонија, само му недостига вистинска пропаганда“, забележува Мишовски.

Во Берово нема туристичко биро, а посебен оддел за туризам нема ниту во општината. Мишовски вели дека таква институција мора итно да се конституира, бидејќи гости доаѓаат се' повеќе, а нема каде да добијат информации за понудата. Во Општината не можевме да се сретнеме со градоначалникот за да разговараме на ова тема поради негово отсуство. Беровци, онака од око, според раздвиженоста во градот, ја проценуваат успешноста на туристичката сезона. За место со такви божји дарови и со луѓе подготвени да инвестираат милионски суми во развојот на туризмот и во подобрување на социјалната положба на Малешевци, единствениот минус е токму тоа што не постои биро за туризам.


#
Статијата е прочитана 1582 пати.

Испрати коментар

Од: бнгхј
Датум: 21.08.2010 01:15:04
Може ли авторот да го објасни насловот? Дали тоа се однесува и на Штип? Едноставно да го остават текстило и да живеат од воздух?
Од: перпетум мобиле
Датум: 21.08.2010 11:08:16
Не само за Берово.Туку за сите градови и села.Берово,да!Ќе живее од туризмот.Но од што ќе живеат Беровчани?!
Од: Pero
Датум: 21.08.2010 12:24:01
So tie ceni sto gi imaat tesko deka ke razvijat turizam.2 hotela i turizam,a?Ne odi toa taka.Od drugata strana na planinata/granicata ima mnogu pogolem izbor i poeftini ceni.Neka pojdat da vidat kako se raboti.
Од: Ѕверот
Датум: 21.08.2010 19:06:48
„Аурора ресорт енд спа“ ?!? Може ли ова некој да го преведе... и, дали називите на фирмите денес се ставаат за да ги разбере мештанинот или ценетиот(?) гостин од англиското говорно подрачје?
Од: Goldy
Датум: 21.08.2010 19:31:41
Bravo i golema podrska za Mucunska, Siracevski i site sto rabotat na promocija i razvoj na turizmot vo Berovo i Malesevijata. Toa e najubaviot del od ubavata ni Makedonija.

Најди! во Утрински
Политика
Шутка му се жали на Брисел зашто ја нема на туристичка мапа
Учество на „Биенале во Венеција 2010“
Уште четири нови затруени кошаркарки
Нови 23 вработувања во градинки