Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Шутка му се жали на Брисел зашто ја нема на туристичка мапа

Слободанка Јовановска

Шутка се жали зашто ја нема на туристичките мапи во Македонија и зашто на влезовите од градот нема знак што упатува каде е населбата. Ова го навеле претставници на Ромската заедница како пример за дискриминација од страна на државата пред експертите на Европската унија, кои подготвија нов извештај за состојбата со правата на малцинските групи во земјата. Тие се пожалиле и на немање средно училиште, како и на комплетно отсуство на инвестиции во општината.

Друг куриозитет е оценката на експертите на ЕУ дека резултатите од исполнувањето на Охридскиот договор не се „ни релевантни, ни импресивни“, особено кога ќе се спореди со бројот на институциите и телата што се задолжени за тоа. „Она што е импресивно, всушност, е бројот на агенциите, секторите, секретаријатите, комитетите, телата, органите, меѓуминистерските тела, единиците и во оваа земја со два милиона жители, во која ресурсите не се големи и над 30 отсто од граѓаните се невработени“, стои во извештајот на ЕУ, кој моментно е на разгледување во Македонија. Според нив, ваквата фрагментација на одлучувањето мора итно да престане, бидејќи му штети на процесот и џабе се трошат пари, покрај тоа што не се знае кој за што е одговорен.

Наспроти овие негативни забелешки, Македонија е оценета како добар пример на земја со религиозни слободи, и освен забелешките за состојбата на прифијатриските институции, се забележува дека нема тортура врз болните, туку напротив, забележале ментално болни пациенти како ги гушкаат вработените. Притоа, за институциите во Бардовци и во Демир Капија стои дека се недоволно финансирани и дека предизвик е што воопшто работат и се отворени. „Тие се стари, во распаѓање, некомфорни и со недоволно опрема, од тоалетите и од бањите се шири ужасна смрдеа, иако е видливо дека биле чистени, стои во извештајот.

Како што се навестуваше, во извештајот е даден најголем простор на дискриминацијата на хомосексуалците, односно дури трипати повеќе од оној за хендикепираните. Притоа се критикува објаснувањето од Владата дека оваа група е вклучена во законот преку споменатите „маргинализирани групи“, место „групи со различна сексуална ориентација“, и тоа се смета за признание дека оваа категорија граѓани се третираат токму така како маргинализирани во општеството. И тврдењето на властите дека одлуката е таква, бидејќи овие групи се невидливи во Македонија за експертите на ЕУ е доказ за нивната дискриминацијата, бидејќи да не е така, тие би биле видливи. Ако е навистина и' цел на Македонија да стане членка на ЕУ, стои во извештајот, ова прашање ќе мора да се реши.

Недовербата во намерите на власта оди дотаму што се бара во идната Комисија против дискриминација да не се вклучуваат партиски кадри, бидејќи тоа би внело луѓе од актуелната гарнитура, кои не сакаат да ја спречат маргинализацијата на хомосексуалците. „Иако е нелегитимно да се дискриминира, исто така, е нелегитимно да се очекува дека една влада сама може да ги смени за еден ден социјалните и индивидуални перспективи на ова прашање, бидејќи јавното мислење не се воспоставува со декрет. Сепак, нејзина обврска, како во секое демократско општество, е да преземе ефективни мерки за да ги промовира вредностите за еднаквост, толеранција и респект на разликите, стои во извештајот. Недозволиво е, порачуваат од ЕУ, граѓани на Унијата да не можат слободно и недискриминирано да се движат низ Македонија поради ваквата политика.


#
Статијата е прочитана 534 пати.

Испрати коментар

Од: Boro
Датум: 21.08.2010 11:03:37
Neka se zalat i vo Francija kaj Sarkozi.
Од: ace
Датум: 22.08.2010 11:15:17
Boze mi prosti,kaj nas navistina ne se znae koj jade koj pie.Ima edna poslovica: podajmugo prstot ce ti ja skine rakata.Romite vo makedonija se zalele vo Brisel oti ne bile na turistickata mapa.Pa Vi se molam nedokvakani evropski referenti.smaceno mi e od Vas.Kako mozete da zboruvate vakvi gluposti.Poglednete go nasiot Ustav.Baram da mi odgovorite dali vo svetov postoi druga drzava vo koja ROMITE se narod priznat vo ustavot.Dali negde tie isti Romi procitale deka osven kaj nas ne postoi takvo nesto.Citam francuzire gi deportiraat Romite vo Romanija.Fransija,lulkata na evropskata demokratija.Arno ni pravat,eden den seto ova neka ni se udri od glava.Go zasluzuvame. Vlezete vo Evropa za da moze site Romi da ni bidat vrateni.Za zal na vistinata,pominaa 11 godini Romite od Kosovo se uste se tuka.Ta neli Kosovo e Drzava.

Најди! во Утрински
Политика
Берово ќе живее од туризам
Учество на „Биенале во Венеција 2010“
Уште четири нови затруени кошаркарки
Нови 23 вработувања во градинки