Саксии со дрвца во дупките по патиштата
Откако надлежните ги запоставија магистралните патишта во Струмичко, група млади луѓе почнаа акција со која ќе ги потсетуваат на проблемот. Акцијата почна од магистралниот пат што води од Струмица кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница. „Овој пат полн со дупки води кон Европската унија. Решивме да бидеме корисни и како млади и невработени волонтерски да и' помогнеме на власта. Зошто да плаќа казни за искршени автомобили? Се знае кај нас кој ги плаќа казните. Сакаме да ги предупредиме возачите дека нашиот пат кон Европската унија е полн со дупки, па не е лошо да ги заобиколат“, изјави Кристина Лазарева, членка на групата, која вчера постави саксија со дрвце во една од дупките на патот. (Е.П.) |