Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Снимање филмови со Бум ТВ

Гледачите на дигиталната телевизија Бум ТВ во иднина ќе можат да ја паузираат програмата, да снимаат филмови и да го користат потсетникот на програмата. Новата верзија на софтверот и новите функционалности на телевизијата ќе бидат достапни бесплатно, информираат во операторот „Оне“. Постојните корисници за да може да ја користат оваа услуга ќе треба да направат надградба на софтверот и да имаат УСБ-мемориски стик со капацитет од 4 ГБ. Новите корисници, пак, по првото вклучување на Бум ТВ приемникот автоматски ќе го добијат новиот софтвер.

Од „Оне“ информираат дека паузирањето дава можност за прекинување на програмата и повторно следење од местото на кое корисникот застанал. Паузата може да трае до 32 минути. Снимање на програмата на Бум ТВ им овозможува на корисниците да направат снимка од емисија, серија, филм што не се во можност да ги проследат во реалното време на емитување и да ги гледаат подоцна. Функцијата потсетник му овозможува на корисникот да не ја пропушти програмата што сака да ја следи. Потсетникот може да биде наместен да се појави 15, 10 или пет минути пред почетокот на очекуваната програма. (МИА)


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: korisnik
Датум: 27.01.2011 13:10:47
Znaci li ova izvestuvanje, deka starite korisnici treba da si kupatUSB, a na novite ke im bide vgradeno vo risiverot.Ako e taka, togas treba da znaat za da gi zadrzat starite korisnici i da gi motiviraat da ostanat korisnici, USB-to treba besplatvo da im bide dadeno.Vo ovoj slucaj gi morivirame novite, a plakame ista pretplata
Од: jas
Датум: 27.01.2011 13:55:28
DO KORISNIK Koj ti dava besplatno USB be drugar.USB od 4GB e 400-500 denari,pa sega vidi ti...

Најди! во Утрински
Економија
Пари само за 10 километри автопат
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Саксии со дрвца во дупките по патиштата
Давос
Нема ревизија за куќите до 200 квадрати
ФАО против шпекулациите на пазарите со храна