Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Давос: Светот не би пребродел нова криза

„Заеднички правила за нова реалност“ е мотото на годинашниов Светски економски форум што од вчера се одржува во швајцарското летувалиште Давос. Аналитичарите оценуваат дека собирот оваа година ќе биде одбележан од економските проблеми, загриженоста околу растечкото влијание на Кина во областите политика и бизнис и нервозата околу европската должничка криза, јавуваат странските агенции.

Од светските лидери се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози, премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон. Рускиот претседател Дмитриј Медведев го одложи патувањето во Давос по информацијата за извршениот терористички напад на аеродромот „Домодедово“ во Москва. „Ова е прв посткризен состанок. Ги избегнавме најлошите последици од кризата, но се' уште не сме почнале навистина да ја градиме нашата иднина. Давос е вистинско место да ја согледаме вистинската реалност и да видиме како би можеле да ја градиме иднината“, изјави основачот и извршен претседател на Форумот, Клаус Шваб. Околу стравувањата за еврозоната, тој вели дека е апсолутно сигурен оти еврото нема да пропадне.

„Светот не би пребродел нова криза од овие размери“, се наведува во најновиот извештај за ризиците во светот што го објавува Светскиот економски форум пред почеток на Економскиот форум. Од извештајот произлегува дека, пред се', има опасност за државните финансии. „Кризата на финансиските пазари и за должничката криза на државите, сигурно, не се поминати. Напротив, од должничка криза на приватното стопанство преминавме во криза на државните финансии. Државата верува дека може да ја преброди кризата. Ниту Давос ниту групата најбогати држави и најголеми земји во развој Г-20 немаат рецепт за решавање на таа криза“, вели германскиот економист Ролф Лангхамер. Учесниците на Форумот во Давос сакаат да ја поддржат Г-20. Франција годинава како претседавач со Г-20 сака да го реформира светскиот монетарен систем. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Пари само за 10 километри автопат
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Саксии со дрвца во дупките по патиштата
Нема ревизија за куќите до 200 квадрати
ФАО против шпекулациите на пазарите со храна
Снимање филмови со Бум ТВ